Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Ова се најдобрите 10 на саемот во Лос Анџелес
 
Spodeli
03 December 2012, 13:12


Ова се најдобрите 10 на саемот во Лос Анџелес Toyota RAV 4 2012 Ова се најдобрите 10 на саемот во Лос Анџелес
Има многу новитети, но има и такви кои се издвојуваат од толпата...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Иако медиумски потценет за разлика од саемот во Детроит, на пример, на Американско тло, сепак саемот во Лос Анџелес понуди многу новитети, не само наменети за пазарот во САД, туку и за Европскиот пазар.

Ова се нашите “Топ 10”:

1.    Porsche Cayman



Иако, реално нуди многу малку новитети во однос на останатите автомобили на листава, сепак се наоѓа на врвот од листата, поради неколку причини: ова е најубавиот и “најмашки” Cayman досега, а иако е базиран на новиот Boxter, сепак се покажа како подобар од него. На крајот, се поставува прашањето, дали 911 е ултимативното Porsche кое можете да го поседувате? Проверете, овде!

2.    BMW i3 Concept Coupe



Веќе сите сме “заситени” од “i” концептите на BMW. Не затоа што не се добри, туку затоа што конечно треба да ги видиме на патиштата. По сè изгледа, i3 ќе биде првиот од нив, а изгледа импресивно со изложените елементи од карбон, како и минималистичкиот ефект постигнат во внатрешноста, кој се очекува да го издвојува од конкуренцијата. А, да – се работи за комплетно електричен, градски автомобил. А ова ќе биде и многу важен автомобил од други аспекти.

3.    Hyundai Veloster C3 Concept



Корејците, конечно изгледа се решија да го отстранат дефектот на сончевиот кров на Veloster, кој пукаше, сам од себе. Како? Едноставно, го отстранија селиот кров. Технолошки усовршен, Veloster нуди дистинктивен надворешен изглед со интересните комбинации на бои.

4.    Mercedes-Benz Ener-G-Force Concept



Криминалци од иднината – пазете се. Ова е визијата на производителот од Штутгарт за патролно полициско возило на иднината, за кое можеме да кажеме дека изгледа одлично. Повеќе информации можете да прочитате овде.

5.    Jaguar XFR-S



Доволен е податокот дека ова е најбрзата лимузина на Jaguar, на сите времиња. 550-те “коњи” замотани во сјајната сина боја изгледаат одлично под рефлекторите на саемот во Лос Анџелес. Подетално за овој прекрасен автомобил, овде.

6.    VW Beetle Cabriolet



Долгата историја на популарната “Буба” е заокружена со новата, кабриолет верзија на Beetle. За разлика од тогаш, сега е технолошки многу понапреден, и очекуваме дека овој автомобил ќе бележи солидни продажни резултати, посебно кај купувачите од понежниот пол.

7.    Mercedes-Benz SLS AMG Black Series



Ако мислевте дека “стандардниот” SLS AMG не е доволно добар, и дека не привлекува доволно внимание, морате да го погледнете ова. И понатаму, ако популарните “Gullwing” врати кои се отвораат нагоре не ве задоволат, звукот од задниот дел на автомобилот сигурно ќе го направи тоа, благодарение на 59-те КС повеќе, како и на 70-те килограми намалена маса во однос на SLS AMG, без “шминката” наречена Black Series. 

8.    Fiat 500E



Белите елементи, комбинирани со портокалова боја и недостатокот од издувни цевки позади, придонесуваат ова “Фиќо” да изгледа подобро од било кога. Се надеваме дека додатната тежина на батериите нема да влијае на возењето. Но, кога повторно ќе размислиме, тоа и не ни е толку важно, затоа што овој автомобил е наменет (засега) исклучиво за Американскиот пазар.

9.    Subaru Forester



Конечно, Јапонските SUV автомобили стануваат поубави и го следат чекорот на технологијата, кога се однесува до изгледот. Тоа ќе го потврди и наредниот автомобил на листава. Што се однесува до Forester, оваа најнова генерација е посветена најмногу на безбедноста и технологијата. Проверете зошто, овде.

10.    Toyota RAV4



Констатацијата “најубавиот RAV4 досега” кажува сè. Изгледот конечно е во чекор со технологијата и доверливоста на Toyota, по рецептот “ако не е расипано, не го поправај”. Јапонците изјавуваат дека ова е автомобил, дизајниран да ги покаже сите предности на динамичното возење. Ќе почекаме, па ќе се увериме во тоа. Подетално за овој автомобил, овде.
 


Toyota RAV 4 2012
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил