Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Безбедност > Автогол на VW – новиот Leon е побезбеден од Golf 7
 
Spodeli
03 December 2012, 12:27


Автогол на VW – новиот Leon е побезбеден од Golf 7 Volkswagen Golf VII Автогол на VW – новиот Leon е побезбеден од Golf 7
Обично EuroNCAP тестира само еден “примерок” од оние автомобили кои делат иста платформа. За несреќа, сега се одлучија поинаку...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Последен пример за тоа, во делот на VW групацијата, се новите Škoda Rapid и Seat Toledo.

Во овој случај (Leon и Golf 7), од EuroNCAP се одлучија да ги тестираат двата автомобили, кои би требало да се механички потполно исти, затоа што се базирани на новата MQB платформа на VW, која ја делат овие два автомобили, плус новото Audi A3.

Исто е, ама не е исто – што се однесува до резултатите од тестирањата. Имено, и VW Golf 7 и Seat Leon, на последните тестирања на EuroNCAP освоија вкупно 94% од можните бодови кои се доделуваат за заштита на возрасни патници.

Сега започнува интересниот дел – Leon освои 92% од бодовите за заштита на деца, додека Golf освои само 89%.



Можеби ќе си помислите дека приказната завршува тука. Иако ова е еден многу битен сегмент од безбедноста (сепак, се работи за децата), Golf потфрлува во однос на Seat Leon и кај заштитата на пешаците – освои 65% од поените, наспроти 70-те на Шпанскиот автомобил.

Помошните системи кај двата автомобили се оценети со еднакви 71% од бодовите.



Ниту ова не е сè – доколку се земе во предвид ригорозноста на EuroNCAP тестирањата. Така, во случај на фронтален судар, левата нога на возачот е во поголема опасност кај Golf, отколку кај Leon. Ист е случајот и при евентуален страничен удар – заштитата на горниот дел од телото на возрасните патници е подобра кај Seat, отколку кај VW.

Golf 7 покажал и полоши  резултати во однос на заштитата на 18-месечни деца, споредено со “сестринскиот” Seat Leon.

Кога ќе се сумира сето ова, навистина излегува дека новиот Seat Leon е побезбеден од новиот VW Golf. Дали за тоа придонесува различниот облик на каросеријата, кога веќе механички се исти?

Ќе биде интересно да се видат реакциите, по овие резултати.
 


Volkswagen Golf VII
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Безбедност



 
 
 
 






Одберете нов автомобил