Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Новите PureTech мотори на Citroën – 25% поекономични
 
Spodeli
29 November 2012, 12:39


Новите PureTech мотори на Citroën – 25% поекономични  Новите PureTech мотори на Citroën – 25% поекономични
А исто толку и поеколошки – со 25% намалена емисија на СО2...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Стремежите за намалување на ефектот на стаклена градина до 2020-та година наложуваат развој на нови технологии. Моторите се носечки столбови за достигнување на намалувањето на тој ефект. Лансирањето на нова генерација мотори е повод за интегрирање на иновации, поволни за сите, меѓу кои почитувањето на околината и намалувањето на трошоците при одржување се едни од најважните приоритети.
 
Интегрирањето на нова фамилија бензински мотори PureTech во гамата на Citroën е уште еден доказ за Créative Technologie мотото на  брендот. Интегрирајќи ги во себе најновите достапни технологии, оваа нова лепеза на мотори нуди, споредено со претходната генерација, зголемена моќност, со значително намалување на потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови, во висина од 25%.

Достапни кај повеќе модели на марката (Citroën C3, DS3 и C-Elysée), оваа нова линија на мотори се произведува во Тремери, Франција.

Техничките карактеристики на новата генерација на мотори PureTech, налага вистински прекин со механичката концепција на изработка на моторите. Нивна цел е значајно намалување на емисијата на штетни гасови и потрошувачката на гориво. Проектот предвидува и намалување на вкупната маса, преку зголемување на компактноста на самите мотори. Специфична моќност од 50 kW на литар ги опишува контурите на проектот.

Дизајнирани се повеќе видови на работни зафатнини од кои денес два се комерцијализирани: 1.0-литарски и 1.2-литарски агрегати со моќност од 68 КС и 82 КС (50 до 60 kW). Во зависност од моделите и пневматиците, просечната потрошувачка на оваа нова линија на мотори се движи помеѓу 4.3 l/100 km и 4.6 l/100 km, додека емисијата на CО2 изнесува 99 g/km и 107 g/km. Намалувањето од 25 %, важи споредбено со моторите од претходната генерација.
 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил