Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Новиот Toyota RAV4 без V6, но со повеќе технологија
 
Spodeli
29 November 2012, 11:56


Новиот Toyota RAV4 без V6, но со повеќе технологија Toyota RAV 4 2012 Новиот Toyota RAV4 без V6, но со повеќе технологија
Беше презентиран вчера, на саемот во Лос Анџелес...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Деновиве “протекоа” неколку неофицијални фотографии од новиот RAV4 на Toyota, за кои Јапонците одбиваа да потврдат дека се вистински. Сега, можеме да се увериме – новиот RAV4 е сега поубав, поопремен, полн со технологија и еднакво моќен како и претходникот, но и поекономичен.

V6 моторот повеќе нема да биде дел од понудата, а ќе биде заменет од 2.5-литарски агрегат со четири цилиндри, спарен со нов, 6-степен автоматски менувач. Што се однесува до погонот, изборот ќе биде помеѓу погон напред, или на сите четири тркала.



Според информациите, новата Toyota RAV4 ќе троши нешто над 11 l/100 km (верзијата со погон само на предните тркала) и 10 l/100 km (AWD верзијата).

Што се однесува до опременоста и дизајнот, новитет е изменетата петта врата, како и напуштањето на “заштитниот знак” за RAV4 – резервната гума, закачена за неа. Таа е сега поставена во внатрешноста од багажниот простор, односно под подот од истиот, со цел да се обезбеди удобност и простор.



Кога сме веќе кај внатрешноста, во стандардна опрема спаѓа 6.1-инчниот LCD дисплеј, чувствителен на допир, Bluetooth конекција, камера за возење наназад, затемнети стакла и сл.

Околу цените, сеуште нема официјални информации.


Toyota RAV 4 2012
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил