Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Корисни Авто-Совети > Ова се 10-те непишани правила во сообраќајот
 
Spodeli
28 November 2012, 15:01


Ова се 10-те непишани правила во сообраќајот  Ова се 10-те непишани правила во сообраќајот
Овие правила треба да се следат. Сите би биле подобри возачи, доколку ги познаваме. Но, проблемот е што не се напишани никаде...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Иако не се напишани никаде (инаку не би биле непишани), тие се стекнуваат со искуство. И не дека не ги знаеме, ги знаеме, но ретко ги применуваме.

Koli.com.mk ве потсетува, за побезбедно возење, за сите.

Одиме со ред.

10. Пропуштете ги побрзите од вас



Возите автомобил со 150-тина “коњи”? Да, не се малку и можеби мислите дека возите многу брз автомобил, но доколку зад вас се појави некој “ѕвер” со неколку пати повеќе моќ од онаа на вашиот автомобил, само поместете се во “спората” лента, и пуштете го да помине. Немојте да се обидувате да се тркате со него – вашето его ќе ви се заблагодари за тоа.

9. Покажете почит кога паркирате



Се наоѓате на платен, добро обележан паркинг? Тие линии стојат таму со причина – паркирајте правилно, со доволно растојание помеѓу останатите возила, за да има доволно простор да се излезе и влезе во автомобилот со дигнитет, и без гребаници на вашиот, и на “соседниот” автомобил.

8. Внимавајте на моторџиите



Моторите се доста атрактивни, и (според оние кои ги возат) пружат незаменливо возачко искуство. Тоа никогаш нема да го доживееме ние, автомобилистите, ниту со кабрио автомобил. Но, возењето на мотор има и мана – а тоа е како ги третираме ние, од внатре, од удобната кабина на автомобилот, а тие се изложени и на опасности и на временските услови. Треба взаемно да се почитуваме.

7. Блендајте за полиција и радари



Во денешни услови на живеење, со денешните плати, а богами и денешните баснословни казни, нема да е лошо некој да ве предупреди за полиција, доколку вие брзате некаде. И обратно, вие некој да предупредите за полиција, кога тој брза некаде. Казната е луксуз – ретко кој може да си ја дозволи во денешно време.

6. Немојте да го блокирате видикот на "пониските" возила од вашето



Возите SUV? Супер, за вас. Си седите повисоко, имате поголем преглед пред и зад вас, се чувствувате моќно. Но, замислете некој со Smart зад вас? Неможе да види, ама баш ништо што се случува пред него, од вашиот масивен SUV автомобил. Доколку можете, овозможете им на таквите возила простор за навремена реакција. Верувајте, ќе ви бидат благодарни.

5. Доколку можете, помогнете им на оние што останале на патот, поради дефект на автомобилот



Нема ништо лошо во тоа да помогнете на “колега-возач” доколку тој остане дефект на патот. Знаеме, живееме во такво време, кога таквите работи, посебно кога се работи за непознати луѓе, се многу ризични. Но, подзастанете, упатете го барем на првата бензинска, првиот сервис, дури и да повикате шлеп-служба е помош. А што ако девојка како онаа на сликата останала дефект? Ќе застанете, нели? Ќе застанете, ќе застанете...

4.Не се задржувајте без потреба на бензинските станици



Вие не сте F1 возач, каде брзите пит-стопови се многу важни. Заборавете на 10 секунди, некогаш можете да бидете среќни ако наполните гориво за 10 минути, посебно ако најават поскапување на горивото, веќе од наредниот ден. Сакате да си купите нешто од маркетот на пумпата? Купете си, слободно, само прво поместете го автомобилот каде нема да смета никому.   

3. Не ја блокирајте левата лента од патот



Сите знаеме, таа е “брзата” лента. Се знае како се вози во неа – претекнување, и враќање во десната лента. Се нервирате кога некој едноставно вози во левата лента, па згора на сè и вози бавно? Не го правете и вие тоа. Или, правете го, но обидете се на Германските автопатишта, каде нема ограничување на брзината...

2. Не ги менувајте лентите  од патот, за да заштедите на време



Сите сме биле во таква ситуација – кога некој дава “жмигавец” во последен момент, и сака да се вклучи во сообраќајот пред вас, во вашата лента. Замислете, да пропуштите неколку такви возачи – ниту тие ќе стигнат некаде побрзо, а да не зборуваме за вас. Останавте цел ден во автомобилот. Ова посебно се случува на семафори, пред патарини и на чекање на граничните премини. Затоа, планирајте пред време каде одите, кога треба да стигнете, и не брзајте.

1.    Усогласете ја брзината на патот со останатите учесници во сообраќајот



А тие пак, треба да ја усогласат со сообраќајните знаци. Не велиме дека доколку сите возат пребрзо, и вие да возите. Не. Ве советуваме да возите ниту преспоро, ниту пребрзо. Доколку сите се придржуваат кон ова, нема да има метежи и сообраќајот ќе се одвива со брз и непречен тек. Да не зборуваме за безбедноста...
 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Корисни Авто-Совети



 
 
 
 






Одберете нов автомобил