Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Официјално: Fiesta и Fiesta ST на саемот во Лос Анџелес
 
Spodeli
27 November 2012, 11:58


Официјално: Fiesta и Fiesta ST на саемот во Лос Анџелес Ford Fiesta 2014 Официјално: Fiesta и Fiesta ST на саемот во Лос Анџелес
Новите мотори кои ќе ги придвижуваат двата автомобили се и главните новитети...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новата Ford Fiesta ќе добие освежен изглед однадвор, но далеку поважно е она што се наоѓа под хаубата. Имено, од Ford потврдија дека два нови мотори ќе се најдат во понудата, и тоа првиот EcoBoost мотор на Ford со три цилиндри, преориентиран на ефикасност, како и 1.6-литарски турбо мотор со четири цилиндри, кој пак ќе се најде во новата Fiesta ST.

Според првите впечатоци од 1.0-литарскиот EcoBoost мотор со три цилиндири и турбо во новиот Focus, јасно е дека се работи за одличен мотор. Но, максимумот од него го очекуваме токму во Fiesta, каде благодарение на помалата маса за разлика од Focus, ќе имаме шанса да го видиме и вистинското лице на овој мал, но ефикасен мотор.



Истиот е дизајниран да биде потивок и порафиниран. Официјални бројки сеуште нема, но се очекува излезна моќност од 123 КС и потрошувачка под 6 l/100 km.



Сега, оној поинтересниот дел – новата Fiesta ST. 1.6-литарскиот мотор, кој го споменавме погоре, ќе генерира 197 КС, што за автомобил од типот на Fiesta е повеќе од доволно за забавно возење. Покрај надворешните промени и новата Molten Orange боја, Fiesta ST доби и подобрено потпирање, поставено пониско, електронска TVC (Torque Vectoring Control) програма на системот з стабилност, како и 6-степен мануелен менувач.

Официјалната презентација ќе се случи на саемот во Лос Анџелес, кој започнува од 30-ти ноември.
 


Ford Fiesta 2014
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил