Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Безбедност > Mercedes-Benz и VW повлекуваат возила
 
Spodeli
21 November 2012, 14:42


Mercedes-Benz и VW повлекуваат возила Mercedes-Benz CLS-Class Mercedes-Benz и VW повлекуваат возила
23 CLS550 ќе бидат повлечени, како и 2.500 примероци од популарната “Буба”...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Прво, за премиум брендот и луксузното купе со четири врати – Mercedes-Benz CLS550. Повлекувањето се однесува на 23 автомобили, произведени од 1-ви до 13-ти декември 2011-та година, поради проблеми со хаубата.

Проблемот е лоциран кај навртките што ја држат хаубата споена со каросеријата, кои со тек на време, или во случај да не е добро затворена хаубата, може да ослабат, што може да предизвика отворање на хаубата.



Од Mercedes-Benz изјавуваат дека ова не е сериозен и страшен проблем, затоа што до тоа може да дојде само во екстремни случаи, а доколку хаубата не е добро затворена, постои сијаличка-индикатор во инструмент-таблата, која укажува на тоа.

Повлекувањето треба да започне од наредниот месец.

Што се однесува до производителот од Волфсбург, иако не е чест гостин во оваа рубрика – “Повлекувања”, сепак годинава не му оди баш најдобро. Во текот на целата 2011-та година, повлекување на возила на VW се случи само еднаш, а годинава – дури пет пати.

Последниот, се однесува на VW Beetle, со година на производство 2012-та, а се повлекуваат точно 2.471 примероци, поради проблем со воздушното перниче во совозачкото седиште.



Функцијата на тој сензор е да утврди дали има или не патник на предното совозачко седиште, а неговиот дефект – предвремено активирање, може да се случи доколку има монтирано детско седиште напред, што може да резултира со повреда на детето. Истото, може предвремено да се активира, доколку седиштето е влажно, или водено. Ова се однесува на оние “Буба” автомобили, со кожни седишта.

Од VW изјавуваат дека сервисирањето и замената на проблематичниот сензор ќе се изврши, сè разбира, бесплатно.
 



Mercedes-Benz CLS-Class
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
Volkswagen The Beetle
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Безбедност



 
 
 
 






Одберете нов автомобил