Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Франкфурт 2009: Електрична офанзива на Renault
 
Spodeli
08 November 2009, 14:22


Франкфурт 2009: Електрична офанзива на Renault  Франкфурт 2009: Електрична офанзива на Renault
Најголемиот француски производител во Франкфурт излезе со цела гама на возила со електричен погон, односно со нулта штетна емисија. Иако се уште се концепти, сите четири модели се наменети за скорешна масовна комерцијализација. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Првиот од нив е Twizy Z.E. – градски миниавтомобил кој нуди место за двајца патници сместени еден позади друг. Електричниот погон од 20 КС овозможува максимална брзина од 75 km/h, додека вртежниот момент од 70 Nm е таман за возни својства идеални за градска средина, споредливи со помоќните скутери.

Zoe Z.E, пак, е доказ дека електромобилот не мора нужно да има научнофантастичен дизајн, туку симпатичен и привлечен. Внатрешноста може комплетно да ја дизајнира (персонализира) сопственикот, а електромоторот со моќност од 95 КС и 226 Nm го забрзува ова возило до 140 km/h.

Истиот електромотор ги задвижува и преостанатите два концепти. Првиот од нив е Fluence Z.E. – вистинска семејна лимузина, односно најава за електричната верзија на неодамна претставениот конвенционален модел Fluence (поранешен Megane Sedan). Менувачот е директен со редуктор и инвертор напред и назад, а автономијата со едно полнење на акумулаторот изнесува 160 километри.

Последниот од гамата е електричното Kangoo, кому електричниот погон нема да му ја смени основната функција – со својата пространост да нуди широк простор за багаж, пренос на разна стока или пак достава на истата.

Сите четири модели имаат три начини на полнење / напојување – стандардно, брзо или едноставна замена на акумулаторот на станици, кои допрва ќе почнат да се градат. Токму затоа сериските верзии на овие концепти се очекуваат најдоцна во 2011 година.
 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил