Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Погледнете ги најлудите “шминки” на SEMA 2012
 
Spodeli
07 November 2012, 11:46


Погледнете ги најлудите “шминки” на SEMA 2012 Hyundai Elantra Погледнете ги најлудите “шминки” на SEMA 2012
Од нов Mustang, преправен како од 60-тите, до Elantra за борба против зомбија...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Во продолжение, ќе имате можност да ги видите овие преработени автомобили, на барање на, никој друг – туку самите производители, специјално за SEMA 2012 во Лас Вегас. Ќе се запрашате, зошто не ги произведуваат и продаваат во вакви изданија?

1.    Ford Mustang – Reversion Mustang



На многумина, омилениот Американски автомобил, кој “крие” колосален 5.0-литарски V8 со 420 КС. Покрај тоа, тој е и исклучително погоден за модификации и доработки. Така, овој Mustang од 2010-та година, со назив Reversion Mustang, e “подобрен” да изгледа како Mustang од 60-тите, или 70-тите. Има ли нешто подобро од тоа – модерна технологија, во “телото” на класик?



2.    Chevrolet Camaro – Mickey Thompson Camaro



Слично како и Mustang, ова е мускулест автомобил, наменет за “работничката класа”. Моќен, но истовремено и достапен, преработен со име Mickey Tompson Camaro, специјално за SEMA 2012, доби нова предна маска, отвори за воздух, бандажи и пониско потпирање.



3.    Jeep Wrangler – ARB Wrangler



Jeep Wrangler не е потполно среќен додека не ги извалка тркалата и половина каросерија од кал. Така, од Jeep му додадоа уште две врати и назив Unlimited, додека ARB го “накити”, во тема, воглавно со акцент на месец октомври, месец за борба против рак на дојката кај жените. Погледнете ги тие екстра предни светла со розов оквир...



4.    Toyota GT-86 – Toyo FR-S



Се што Ве интересира, па и многу повеќе за овој автомобил, можете да прочитате во нашиот тест. Накратко, се работи за мал спортски автомобил, чии главни карактеристики се достапноста, перформансите од 2.0-литарскиот боксер мотор од Subaru со четири цилиндри поставени во линија, како и уживањето во возењето, благодарение на мануелниот 6-степен пренос и погонот на задните тркала. Кога на сето ова ќе се додадат и Toyo T1 пневматици, поставени на Volk алуминиумски фелни, се добива Toyo FR-S.



5.    Hyundai Elantra Coupe – Hyundai Undead



Elantra e автомобил, кој е произведен да биде економичен, удобен и евтин. Но, ова е неговата SEMA 2012 модификација, која е “жедна за крв” и борба со зомбија. Многу зомбија. Погледнете го тој крволочен додаток напред, подготвен за “жнее” и да се извалка со многу крв и остатоци од човечко месо.



6.    Fiat 500 – Romeo Ferraris 500



Секој сака мал, компактен автомобил, кој нуди баланс помеѓу изглед, перформанси, економичност и цена. Така, ова “фиќо” е подобрено од Romeo Ferraris, кој нема врска со Ferrari. Подобрувањата се манифестиран низ бојата на каросеријата, и модифицираната хауба.



7.    Dodge Ram 3500 Pick-Up – Kelderman Ram 3500



Релативно непознат на нашите простори, се работи за модерен, удобен и колку-толку, економичен пик-ап автомобил, со многу, многу капацитет за товарање. Под хаубата има V6 мотор, кој Kelderman го подигна на смешно ниво, а на тоа додаде и 24-инчни алуминиумски фелни.



8.    Mercedes-Benz SL63 AMG – CEC Wheel SL63 AMG



Стандардно, оваа “мечка” нуди луксуз, ексклузивност, моќ и спортско доживување. Елегантна купе кабрио каросерија, придвижувана од цели 557 КС. CEC го подобри со Pearl White боја, некои црни детали и нивни алуминиумски фелни.



9.    BMW M5 – GTHaus BMW M5



BMW автомобилите со М-значка, се дефиниција за ултимативен спортски автомобил, чија главна карактеристика е неговиот All-Round ефект. Можете да го користите како семеен автомобил, со многу простор внатре, а кога ќе сакате да се “издувате”, тука е V8 моторот со 560 КС. Модификациите на GTHaus се естетски, и скапи – 10.000 долари за фелните, 10.000 долари за издувниот систем и 3.000 долари за затемнување на прозорите.



10.    Ford F-150 – Westin F-150



Ниту еден пик-ап автомобил не е толку приспособлив како Ford F-150. Што поради големите димензии, што поради новиот 3.5-литарски EcoBoost V6 мотор, кој покрај моќ, испорачува и извонредна потрошувачка на гориво. Westin го подигна, му стави екстремни Off-Road гуми и огромни, црни бандажи.


 


Hyundai Elantra
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил