Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Освежениот Renault Fluence со премиера во Истанбул
 
Spodeli
03 November 2012, 12:14


Освежениот Renault Fluence со премиера во Истанбул Renault Fluence Освежениот Renault Fluence со премиера во Истанбул
Во изгледот, новиот Fluence го следи “помалиот брат” – Clio...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Идната година, Французите воведуваат освежен, редизајниран Fluence на Европските пазари. Истиот е претставен на саемот во Истанбул, иронично, затоа што тој се произведува во Oyak-Renault фабриката во Бурса.

Во Турција, Renault Fluence зазема голем дел од пазарниот колач, во неговиот сегмент. Покрај на Турскиот пазар, паралелно продажбата ќе започне уште на пазарите во 55 Европски земји, вклучувајќи ја (најверојатно) и нашата.



Изгледот е променет, најмногу во предниот дел, што е воочливо, благодарение на доминантниот Renault знак напред, и променетите фарови. Во внатрешноста, Французите тврдат дека се употребени поквалитетни материјали, а има и повеќе стандардна опрема – автоматска паркинг сопирачка, сензори за паркирање, Bluetooth, USB и сл.



Во понудата на мотори, нема некои драстични промени. Имено, достапни се 1.6-литарскиот бензинец со 115 КС, како и 1.6-литарскиот дизел со две варијанти – 115 КС и 130 КС. Околу потрошувачката, за бензинецот е декларирана на 6.4 l/100 km, додека за штедливиот дизел само 4.6 l/100 km.

Доколку цената не се промени драстично, новиот Renault Fluence може да им создаде многу проблеми на конкурентите, кои наскоро ќе се најдат  на пазарот – Škoda Rapid и Seat Toledo.
 


Renault Fluence
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил