Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > SEMA 2012: Jeep со 6 фантастични класични автомобили
 
Spodeli
03 November 2012, 11:35


SEMA 2012: Jeep со 6 фантастични класични автомобили  SEMA 2012: Jeep со 6 фантастични класични автомобили
Малку разум помеѓу лудилото од модифицирани автомобили во Лас Вегас...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Jeep на својот штанд на SEMA 2012 во Лас Вегас, потпомогнат од приватните сопственици, презентираше шест модели полни со историја. Каков и да е Jeep – постар или понов, тие се во суштина кул возила.

Еден од нив е воено возило, произведено од Ford, со назив CJ-7.1943 Ford GPW, кој датира од Втората светска војна.

Одиме со ред.

1.    1944 Willys SAS Jeep

Овој Willys Jeep е произведен и прилагоден за SAS (Британската специјална воздушна поддршка), а се работи за возило што најчесто “оперирал” на непријателската територија, па затоа е и опремен со митралез. Покрај ова, SAS го “соблече” овој Jeep од секаква непотребна тежина, за да го зголеми капацитетот за товар, како и за патници.



2.    1947 Jeep CJ-2A Fire Truck


По војната, Jeep автомобилите беа прилагодени, претежно за земјоделие. Овој овде, конкретно, е преработен да биде пожарна. Може да се види, овој мал пожарникар има вградено пумпа за вода напред, 6-метарска скала на кровот, секира и лопата.



3.    1947 Willys Overland Woody Wagon

Што да се каже за него? Мал SUV, со  елементи изработени од дрво. Според тоа, Go-Devil моторот со 60 КС не го прави неверојатно брз, поради неговата маса.



4.    1948 Willys CJ-2A


Овој Jeep е разликата помеѓу тогашните воени и цивилни автомобили (во периодот по Втората светска војна). Исто така, тој е и најдалечниот предок на денешните Jeep модели, поради предната маска со седум решетки, наместо стандардните девет, во тоа време.



5.    1949 Jeep CJ-3A Rod


Ова не се гледа секој ден. Познати ви се Hot Rod автомобилите? Е, ова е Jeep Hot Rod. Необично, нели? Тие се брзи и ниски, така што и овој Jeep не е исклучок. Сопственикот вградил колосален 5.7-литарски V8 Hemi со 5-степен автоматски менувач од Dodge Ram, 2008-ма година.



6.    1978 Expedicion de las Americas Jeep CJ-7


Овој Jeep, за разлика од останатите, е прилично stock (фабрички). Она што го издвојува од толпата е неговиот пат од речиси 35.000 километри, од најјужната точка на Јужна Америка, па се до највисокиот врв на Алјаска. Патување наречено Expedicion de las Americas.


 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил