Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Корисни Авто-Совети > Зимски гуми – погледнете зошто се неопходни!
 
Spodeli
01 November 2012, 14:10


Зимски гуми – погледнете зошто се неопходни!  Зимски гуми – погледнете зошто се неопходни!
Koli.com.mk Ве советува – за безбедно возење во зимски услови...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Можете да имате врвен автомобил на полето на безбедноста, но во услови на снег, без прикладни зимски гуми, од истиот можете да направите само луксузна и скапа санка. Иако законот не пропишува задолжителни зимски гуми, доколку, сè разбира, имате монтирано синџири, ние ќе се обидеме, во кратки црти да ви образложиме и појасниме зошто зимските пневматици се потребни не само на снег, туку и на суви коловози при ниски температури.

Законските одредби викаат вака: во периодот од 15 ноември до 15 март идната година, задолжително треба да се поседува пропишаната зимска опрема при учество во сообраќај надвор од населено место.

Според Правилникот:

Задолжителна зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg претставува:
- Зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4mm или доколку возилото поседува летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4mm да поседува синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тркала.


Зимски пневматик – за ниски температури!

Истиот не ни е потребен само за да не бидеме казнети, туку и за безбедноста – како наша, така и за останатите учесници во сообраќајот. Летните гуми, ги губат своите својства на температури под 7 степени Целзиусови. Според тоа, зимската гума не е наменета само за снег, туку и за температури на воздухот под 7-иот степен.



Притисок, длабочина на шарата, безбедносен индекс


Исто како што е важно да ги одберете вистинските зимски гуми а Вашето возило, така е важно и да го одржувате притисокот на воздух во истите, затоа што со пад на температурите, истиот опаѓа. Иако сме свесни за состојбата во нашата држава, во поглед на финансиите, Koli.com.mk Ви препорачува зимски пневматици на сите четири тркала, а не само на погонските, затоа што животот, сепак, нема цена. Длабочината на шарата не смее да биде под 4 mm.

Зимски пневматици, за возење во услови на дожд


Брзинскиот индекс на гумите обично е мал, затоа обратете поголемо внимание на препораките на производителот. Во вакви услови на возење, најголем Ваш непријател е т.н. аквапланинг, така што шарата на гумите мора да е над 4 mm, од причина што водата мора да протекува низ самите канали од шарата. Доколку истата е под 4 mm, може да дојде до губење на контакт со подлогата, заради поголемото количество на вода, а тоа знаеме кон што може да не однесе.

Брканици во “пет до дванаесет”


Сега е оптимално време за промена на пневматиците – нема гужви кај вулканизерите, а може и да начекате некој попуст кај дилерите и продавачите на гуми.



Веќе сте се одлучиле да набавите зимски пневматици? Супер – а дали знаете која е разликата помеѓу гумите со симболи “три планински врвови со снег” и “М+S”?

Имено, “трите планински врвови со снег” се токму она што Ви треба. Овие пневматици се тестирани за користење во тешки зимски услови.

Понатаму, ознаката “М+S” значи “Кал + Снег”. Овие гуми се тестирани на услови на кал, како и тврд или кашест снег. Затоа, некои од овие пневматици се продаваат и како погодни за сите сезони, а тоа значи ниту врвни перформанси во летни, ниту во зимски услови. Затоа, внимавајте!
 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Корисни Авто-Совети



 
 
 
 






Одберете нов автомобил