Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Новиот Focus – опасен комапкт – играч
 
Spodeli
12 November 2009, 20:42


Новиот Focus – опасен комапкт – играч  Новиот Focus – опасен комапкт – играч
Новата генерација на бестселерот на Ford треба да ни стигне идната година, со драматично изменет лик и палета нисколитражни турбо – мотори ....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новиот, мускулест изглед што го забележувате на фотографиите на новиот Focus е всушност преземен од концептот Iosis MAX. Атрактивноста на тоа поле е загарантирана, кон што придонесува и панорамскиот стаклен кров кој најверојатно ќе биде достапен во сите изведби. Во однос на претходникот, новиот Focus очигледно нема многу да нарасне во димензиите, додека во внатрешноста новитет е редизајнираната средишна конзола.

Од аспект на возните својства акцентот овој пат ќе биде ставен на комфорот, без притоа да се жртвува одличната, типична за Focus отсечна управливост.



Новата палета на погонски машини ја сочинуваат EcoBoost – моторите натполнети со турбокомпресори. Основните модели ќе бидат задвижувани од 1,0 - литарскиот бензинец со 89КС и 108КС, а останатите од 1,6 – литарскиот агрегат моќен 148КС, односно 178КС. Нова е и палетата “дизелаши“ – тука е 1,6 TDCi моќен 128КС и знаменосецот од 2,0 литри моќен 168КС и 197КС.

Сите тие се во спрег со стандардните мануелни менувачи, меѓутоа Ford најави дека ќе го понуди својот Powershift - менувач со две спојки. Се разбира, втората генерација на Start&stop – системот ќе се вбројува во стандардната опрема.

Она што можеби најмногу ќе Ви се допадне на многумина од Вас како индикација на квалитетот е фактот што ќе ја носи налепницата “Произведено во Германија“, бидејќи ќе се произведува во фабриката во Сарлуис.

Истовремено со C-MAX compact MPV, новиот Focus ќе биде лансиран идната година.


 





Стари коментари
hmmmmm ke bide gusto po se izgleda so dizajnot i so ovie turbo motori ima golemi sansi za uspeh
Напишан од daniel  пред  околу 118 месеци
Bravo,napred FORD samo taka prodolzete.
Напишан од TaMaRa  пред  околу 118 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил