Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА      НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Македонија > Ford со 5 години гаранција на своите возила во Македонија
 
Spodeli
18 October 2012, 13:46


Ford со 5 години гаранција на своите возила во Македонија  Ford со 5 години гаранција на своите возила во Македонија
За разлика од досегашните 2 години и неограничен број на километри...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Со новиот пакет на 5-годишна гаранција која ја обезбедува увозникот на Ford за Македонија – Ми-Да Гранд Моторс, сопствениците на нови Фордови возила можат да ги остварат своите гарантни права во текот на полни 5 години. До сега гаранцијата на Фордoвите автомобили беше 2 години со неограничена километража.

Сите нови Фордови патнички автомобили и лесни комерцијални возила (Fiesta Van и Transit Connect) кои во Македонија ги продава овластениот увозник, дистрибутер, сервисер и дилер Ми-Да Гранд Моторс, од 10 октомври имаат петгодишна гаранција. При купување на нов Ford сопственикот потпишува договор за користење на бесплатен гарантен пакет кој важи 60 месеци без ограничување во километражата. Услов за користење на гаранцијата е корисникот на гаранцијата сите контролни прегледи, поправки и замени на оригинални резервни делови да ги извршува во овластениот сервис на увозникот.

За да можат да се остварат правата од гаранцискиот пакет, корисникот на возилото е обврзан да прави контролни прегледи на возилото исклучиво кај давателот на гаранција и тоа најмалку еднаш на секои 12 месеци или на секои изминати 12.500 км, во зависност од тоа кој услов ќе биде прв исполнет.

Гарантниот пакет се однесува на највиталните делови и склопови на возилото – мотор, систем за ладење, менувач, компоненти за пренос на силата, клима уред, заптивки, систем за гориво, електричен и сигурносен систем.
 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил