Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > По F-Type, Jaguar најави нови седан и SUV автомобили
 
Spodeli
13 October 2012, 16:54


По F-Type, Jaguar најави нови седан и SUV автомобили Jaguar F-Type Cabrio По F-Type, Jaguar најави нови седан и SUV автомобили
Adrian Hallmark, менаџерот на Jaguar изјави дека токму F-Type е темелот на иднината на Британскиот бренд...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Во Париз, Jaguar ја претстави нивната најнова креација – F-Type. Се работи за исклучително атрактивен, мал кабриолет, кој со почетна цена од нешто над 70.000 долари, кој според зборовите на одговорните лица на Jaguar, е основа за идните модели. Штом е така, се чини дека иднината на Jaguar е повеќе од светла.



“Ова е E-Type на нашето време” – додаде Hallmark. Како и да е, додека не биде лансиран во продажба и додека не се сумираат првичните впечатоци, рано е да се зборува. Но, утврдена е насоката на Jaguar, што е исто така голем успех.



Што се однесува до иднината, идните модели на овој популарен Британски бренд, таа ќе започне преку лансирањето на мал SUV автомобил, како и на комплетно нов седан.



Веќе подолго време се зборува дека конкурентот на BMW Серија 3 “танцува” на листовите на дизајнерите во Jaguar. По долго “заобиколување”, се чини конечно ќе видиме како ќе изгледа тој седан на Jaguar, што би требало да ги помати сметките на Баварците.



Adrian Hallmark, исто така најави дека што и да прави Jaguar во иднина (алудирајќи токму на седан автомобилот, како и на малиот SUV), ќе биде заснован на три основни принципи: иновација, дизајн и врвни перформанси.



Вака сè изгледа супер, а што ќе се случи... Останува да видиме. Засега, погледнете го Jaguar F-Type и неговата прекрасна црвена боја, како сјае под рефлекторите во Париз, во мега-галеријата во продоолжение. Го има и во фантастична, црна нијанса.


Jaguar F-Type Cabrio
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил