Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Новото Audi S3 претставено во Париз
 
Spodeli
12 October 2012, 11:47


Новото Audi S3 претставено во Париз Audi S3 - old2 Новото Audi S3 претставено во Париз
300 КС, 380 Nm максимален вртежен момент, 0-100 km/h за 5.1 секунди – се само некои од можностите на новиот Hot-Hatch на Audi...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Атрактивен надворешен изглед, со “намрштен” изглед на светлата, сјајна црвена боја, три врати, алуминиумски фелни со двојни пет краци и многу други спортски елементи се увертира за спортските перформанси на новиот Audi S3.

Иако се работи за VW Golf GTI во суштина, сепак премиум акцентот на Audi не отсуствува. Тоа е видливо, првично од перформансите – под хаубата “живее” 2.0-литарски TFSI мотор со четири цилиндри, кој генерира дури 300 КС, како и 380 Nm максимален вртежен момент.



Секако, моќта се пренесува на сите четири тркала, преку мануелен 6-степен менувач, како и опција од S-Tronic менувач. Намалената маса, за речиси 60 килограми, го носи S3 од 0-100 km/h за 5.1 секунди. Тоа влијае, и тоа како, на потрошувачката, која е декларирана на 7 l/100 km.



Опремата, е исто така богата, како и цената. Имено, адаптибилен темпомат, MMI кориснички интерфејс, навигација, Bang & Olufsen аудио систем, за цена од речиси 40.000 евра. Во продажба ќе се најде на почетокот од идната година.

Погледнете ги фотографиите и видеото од новиот Audi S3, директно од саемот во Париз.


Audi S3 - old2
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил