Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > BMW во Париз го претстави М Performance пакетот за 3-ката
 
Spodeli
12 October 2012, 11:03


BMW во Париз го претстави М Performance пакетот за 3-ката BMW Серија 3 BMW во Париз го претстави М Performance пакетот за 3-ката
Тоа е за оние кои нема да можат да го дочекаат “она вистинското” – новото BMW M3...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Иако не се само “шминка”, туку и влијаат позитивно на перформансите, во некоја мера. Новата M3 е на пат, но Баварците се одлучија да не “почестат” со M Performance пакетот, наменет за BMW 335i.

Како што рековме, BMW 335i, наречен M Sport Sedan, воглавно носи естетски подобрувања. Но, неговите 20-инчни алуминиумски фелни, M Performance системот за сопирање, надграденото потпирање и Aero пакетот покажуваат дека се работи за многу повеќе од стандардната 3-ка.



Тука се и задниот спојлер, куќишта на ретровизорите од карбон, како и популарните “бубрези” на предната маска на BMW, кои се заштитен знак на брендот, обоени во црна боја. Презентираната 335i во Париз, покрај набројаните подобрувања, нуди и систем за придушување на моторот, комбиниран со унапреден издуван систем, со цел да се добие подлабок и поспортски звук, што е можно поблизок до оној на вистинскиот M3.

Внатре, главна “ѕвезда” е M Performance управувачот, кој има вградено дисплеј, на кои се прикажуваат виталните статистички податоци на автомобилот. Покрај него, тука се и педалите, изработени од не р’ѓосувачки челик, како и алкантара кожата низ целата внатрешност.



Сè разбира, тука се и мноштвото на “M” значки. Исто така, истите овие подобрувања, BMW ги нуди, покрај за Серија 3, за Серија 1, Серија 5 и Серија 6.

Погледнете детално како изгледа тоа, низ галеријата и видеата, директно од саемот во Париз.


BMW Серија 3
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил