Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > МИНИ стана купе!
 
Spodeli
07 November 2009, 05:37


МИНИ стана купе!  МИНИ стана купе!
БМВ ги објави првите фотографии на концептот “МИНИ Купе“ кој официјално ќе го претстави на публиката на Франкфурт Мотор Шоу, потполнувајќи ја гамата на овој бренд....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Овој двосед е конструиран да биде најдинамичниот и најагилен МИНИ досега, направен од лесна самоносечка конструкција. Исто така има намера да ја прикаже можната форма на идните варијанти од гамата на МИНИ. Зборувајќи за нив, компанијата има кросовер - модел во последните фази на развојот, како и хечбек, клубман и кабриолет верзија која веќе е во продажба.

Напред, стајлингот на концептот е оној изворниот на Мини, можеби во малку ревидирана форма, но сепак веднаш препознатлива. Кровот, пак, е направен од лесна алуминиумска легура. Ентериерот ги има сите спортски детали, како што се седиштата или трикракиот мултифункционален волан обложен со кожа.

Инструмент таблата ја красат пар големи хроносвис - часовници на секоја страна од брзиномерот, при што едниот делува како стоперица во однос на другиот. Овие детали се препознатливи за сите досегашни модели на МИНИ, така што и овој пат ја има врската со историјата, но и премостување на разликата помеѓу аналогната ера на класичното и дигиталната ера на новото Мини.

МИНИ Купе ќе го добие мотор од актуелната палета за МИНИ. 1.6-литарскиот турбо-мотор развива 211КС и емитува јаглерод диоксид 165g/km.

Концептот е висок 1356 милиметри, 3714mm е долг, а 1683mm широк. Намалената тежина и потенцијално зајакнатата каросерија во превод значат досега најдобри динамички својства во однос на сите други “роднини“. Како и нив, овој концепт има погон на сите тркала. Своето официјално деби ќе го има наскоро во Франкфурт, точно 50 години откако оригиналниот, легендарен модел на Мини беше презентиран на јавноста во август 1959 година.

 
 





Стари коментари
ova e kako bmw ama pod znak mini sAMO MOTOR NAD 3.5 V6 SO OKOLU 300 KS
Напишан од TUPANCE  пред  околу 115 месеци
OVA NOSI MOTOR OD BMW MEGUTOA SE E ANGLISKO
Напишан од ATANASOV  пред  околу 115 месеци
wow toa se bara najubavo gratsko vozilo samo taka baravo za BMW
Напишан од daniel  пред  околу 120 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил