Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Maserati, во Париз, најави три комплетно нови модели
 
Spodeli
02 October 2012, 11:49


Maserati, во Париз, најави три комплетно нови модели Maserati Quattroporte - 2013 Maserati, во Париз, најави три комплетно нови модели
Станува збор за новиот Quattroporte, Ghibli и Levante...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Во Париз, Maserati ни го претстави GranCabrio MC, со што е маркиран почетокот на нивната тенденција да продаваат 50.000 Maserati возила годишно. Во 2011-та, Италијанците продадоа нешто над 6.000 примероци.



Така, влезот во два нови сегменти на Maserati не би требало да биде изненадување. Имено, двата нови модели, со називи Ghibli (се работи за GT автомобил, чија трета генерација ќе биде базирана на платформата на Quattorporte) и Levante (SUV автомобил, чиј концепт го носеше називот Kubang), поткрепени со комплетно новиот Quattroporte, ветуваат добра иднина за едно од најголемите имиња во автомобилската индустрија.



Да почнеме со ред. Прв на листата е новиот Quattroporte, кој како ривал на BMW Серија 5, има многу да докаже. Според Италијанците, тој ќе понуди комплетно нов стил, возачки емоции и висок квалитет, поддржани од стандардната Maserati ДНК. Во продажба ќе се најде во 2013-та година, со цена некаде помеѓу 110.000 евра и 160.000 евра.



Ghibli е GT автомобил, за прв пат претставен во 70-тите.  Неговата втора генерација дебитираше во 90-тите, а третата се очекува да биде со цена некаде околу 60.000 евра.



На крајот, Maserati Levante, или попознат како Kubang Concept од 2003-та година, е луксузен SUV, кој ќе се појави на пазарот во 2014-та година.


Maserati Quattroporte - 2013
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил