Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Наследникот на Ferrari Enzo ќе има шасија од карбон
 
Spodeli
28 September 2012, 15:01


Наследникот на Ferrari Enzo ќе има шасија од карбон  Наследникот на Ferrari Enzo ќе има шасија од карбон
Со примена на најмодерни технологии, Италијанскиот супер-автомобил ќе биде лесен, цврст и многу брз...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Иако официјалната презентација на овој “ѕвер” е закажана за март 2013-та, Ferrari во Париз не дојдоа со празни раце – ни ја презентираа шасијата на нивното најново чедо, а истата е изработена во целост од карбонски влакна, што ја прави лесна и екстремно цврста.



Што се однесува до гореспоменатата врвна технологија на изработка на оваа шасија, доволно е да се каже само дека доаѓа директно од F1. Споредбено со Enzo, новото Ferrari ќе има за 20% полесна, но и за 27% поцврста шасија. А ќе тежи “не повеќе” од Enzo (1.365 килограми), според извршниот директор на Ferrari, Amadeo Felisa.

Срцето на структурата е материјал нарачен “Nomex Honeycomb”, притиснат во сендвич од високо квалитетен карбон, во комбинација со кевлар.



Новото Enzo ќе користи 7.3-литарски V12, комбиниран со електро-мотор, што ќе резултира со повеќе од 900 КС, а тоа ќе го засени главниот ривал – Porsche 918 (со 784 КС), но и актуелното Enzo со “мизерни” 650 КС. Спринтот до 100-ка би требало да биде под три секунди, за забрзувањето ќе трае се до 355 km/h. Кон тоа ќе придонесе и менувачот со двојна спојка, а за сопирањето ќе се грижат керамички сопирачки.
 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил