Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Хибриди > Франкфурт 2009: Прва “трилитарска“ лимузина во светот
 
Spodeli
06 November 2009, 18:22


Франкфурт 2009: Прва “трилитарска“ лимузина во светот Mercedes-Benz S-Class - old Франкфурт 2009: Прва “трилитарска“ лимузина во светот
На база на актуелната генерација на S Class, Mercedes во Франкфурт го претстави хибридниот концепт на премиум лимузината, која уште сега остварува двојно подобри резултати од директната конкуренција....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Кога ќе спомнеме “литри“ сигурно ве асоцираме на работниот волумен на моторот, што е точно, меѓутоа во овој случај пред се зборуваме за премиум лимузина која троши неверојатни 3,2 литри гориво на 100 километри! А тоа е нешто што не така одамна беше остварливо само кај најмалите автомобили.

Воедно, тоа претставува двојно подобар резултат од оној на конкурентите Lexus LS600h, BMW 7 ActiveHybrid, па дури и “братот“ S400 Hybrid. Освен што емитира само 74 g/km CO2, S500 Plug-in Hybrid е во состојба е да помине и 30 километри исклучиво на струја. Овие резултати се постигнати со користење на BlueEfficiency - технологијата која го вклучува start&stop - системот, најновата генерација на систем за директно впрскување на горивото и секако хибрдината единица со литиум –јонски акумулатор.

V6 - бензинецот со зафатнина од 3.5 литри соработува со хибридниот модул, кој е три пати помоќен од единицата која се наоѓа во S400 Hybrid. Иако овдека се работи за исклучително штедливо возило, S500 Plug-in Hybrid може да се пофали и со забрзување својствено за вистинските спортисти, бидејќи до “стотка“ му треба само 5,5 секунди.

 
   

 


Mercedes-Benz S-Class - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
razor procitaj poubavo kako so razbrav ja za s500-kata razviva tolku!!!!! da vozis limuzince a da trosi 3 litra na 100km pa i 150 da ide ke ja zeam :D
Напишан од martin  пред  околу 107 месеци
ma ova neeee mozno nemozi ova da bidit samo si kazuvaat ova ona a ko ce e kupis trosi15litri kako ne za 5.5 do stotka a trosi 3.2 heheheh cista laga
Напишан од razor  пред  околу 110 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Хибриди



 
 
 
 






Одберете нов автомобил