Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Citroën DS3 Cabrio ќе заблеска во Париз
 
Spodeli
26 September 2012, 12:46


Citroën DS3 Cabrio ќе заблеска во Париз Citroën DS3 Cabrio Citroën DS3 Cabrio ќе заблеска во Париз
Многу, многу новитети не очекуваат на саемот во Париз, веќе од утре...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Многу богата и разновидна понуда на нови модели и концепти ќе имаме можност да видиме на саемот во Париз, кој започнува од утре – 27-ми септември.

Имено, покрај главните ѕвезди – Peugeot 208 GTi и Citroën DS3 Cabrio, тука ќе продефилираат и многу спортски автомобили, SUV автомобили, концепти и нови модели.



Ќе се обидеме да ги издвоиме најбитните – иако е тоа тешка задача. Имено, официјалното деби на новиот VW Golf, како и на неговите “роднини” – новите Audi A3 и Seat Leon, ќе се случи утре.



Понатаму, тука се и новата Toyota Auris, Volvo, со своите V40 R-Design и V40 Cross Country, како и Корејците – Hyundai i30 со три врати и новата KIA Procee’d.



Главниот столб на штандот на BMW би требало да биде BMW Concept Active Tourer. Nissan ќе се претстави со Terra, Lexus со LF-CC концептот, кој заедно со Peugeot Onyx ќе бидат чисто промотивни автомобили.



SUV сегментот е полн со новитети – новиот Range Rover, Chevrolet Trax, Ford Ecosport, Mitsubishi Outlander PHEV и Porsche Cayenne S Diesel чекаат на премиера. Тука се и Peugeot 2008 и најдостапниот 4х4 автомобил во светот – новата Fiat Panda 4x4.



Можеби најатрактивниот дел – спортските автомобили, е еден од најпополнетите. Audi S3, RS5 Cabriolet, Maserati GranCabrio MC, MINI Countryman John Cooper Works, Renault Clio RS, новиот VW Golf GTI, Aston Martin DB9, Honda CR-Z, Peugeot RCZ, McLaren P1, Porsche 911 Carrera 4  се само мал дел од понудата.



Вредни за спомен се и новите Ford Mondeo, Mazda 6, Citroën C3 Picasso, Toyota Verso, KIA Carens, Dacia Sandero, Ford Fiesta, Renault Clio, Opel ADAM и многу други.

Погледнете ги сите модели во галеријата во продолжение.
 


Citroën DS3 Cabrio
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил