Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Женева 2009 – Mazda
 
Spodeli
06 November 2009, 06:08


Женева 2009 – Mazda  Женева 2009 – Mazda
Се на штандот на Mazda беше во врска со новата тројка. Беа претставени ултра спортската и еколошката верзија со Stop&Start систем на супер успешниот компакт....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Турбо моторот со 260 КС и спортско подвозје гарантираат уживање во возењето

Импресивната Mazda 3 MPS го наследува моделот кој до пред некое време имаше најмногу “коњи” на предната оска. Овој пат не е зголемена силата, туку е работено на возните својства и на менаџментот на моторот, кој сега ќе одговара побрзо на педалата за гас.

Подвозјето ќе биде целосно преработено, ќе биде спуштено за неколку сантиметри во однос на обичниот модел, додека на предната оска ќе биде вграден самоблокирачки диференцијал, кој нема да дозволи тркалата да се вртат до бесконечност и во големо ќе ги подобри возните својства.

Моторот ќе биде истиот од претходната генерација – 2,3 литарски турбо со четири цилиндари и 260 КС, доволни за забрзување до стотка за околу 6 секунди и максимална брзина од 250 km/h. Важна информација е  и таа дека потрошувачката ќе биде намалена во однос на претходникот за околу 10% и покрај подобрувањето на својствата на моторот.

Надворешно, Mazda 3 MPS изгледа како еден вистински рели автомобил, со отвор на врвот на хаубата и со спојлери по целото тело. Ако новата 3-ка изгледа нежно и насмеано, тогаш оваа изведба изгледа брутално и луто и остава одличен впечаток.

i-Stop систем за намалување на потрошувачката со 2,0 бензинецот

Покрај спортската изведба, Mazda ја претстави и еколошката верзија на 3-ката, со 2,0 литарски бензинец со најновата генерација на директно впрскување и Stop&Start систем кој во Mazda се вика i-Stop. Потрошувачката е намалена за 12% во однос на моделот опремен без тој систем, посебно во градски услови тргни-застани, кога подобрувањето на економијата е уште повеќе изразено.

   

       

 





Стари коментари
Koska e:)))
Напишан од Ljupco Atanasov  пред  околу 106 месеци
IMPERATORKA OD HIROSHIMA TESKO SE RASIPUVA
Напишан од LJUPCO ATANASOV  пред  околу 113 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил