Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Хибриди > Детроит 2009 –Првата луксузна лимузина на со хибриден погон Lexus HS 250h
 
Spodeli
06 November 2009, 05:36


Детроит 2009 –Првата луксузна лимузина на со хибриден погон Lexus HS 250h  Детроит 2009 –Првата луксузна лимузина на со хибриден погон Lexus HS 250h
Lexus на Саемот за автомобили во Детроит ја претстави лимузината Lexus HS 250h, што воедно е првата лимузина на светот со хибриден погон....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Моделот НЅ 250h е петто по ред сериско хибридно возило на Lexus кое е полно со најнапредна технологија кога е во прашање намалувањето на потрошувачката на гориво во оваа класа на возила. HS 250h е воедно првиот Lexus кој ги користи карбонски неутралните „Ecological Plastic“ материјали во новиот футуристички обликуван кокпит и внатрешност. Lexus HS 250h на пазарот се смести помеѓу IS луксузно спортскиот седан и ES класично луксузниот седан.

Со доплата може да се добие и Heads-up Display (HUD), систем кој ги прикажува податоците на шофершајбната како кај војните авиони

Lexus спровел истражување кое покажало дека дури 60 проценти од купувачите на луксузни седани сакаат да имаа хибридна верзија на погонот, што HS 250h го нуди по поволна цена. Lexus 250h е придвижуван од првиот 2.4-литарски четирицилиндричен бензински мотор кој користи Atkinson-cycle, а тука е и последниот збор на техниката во облик на Lexus Hybrid Drive System за хибриден погон.

Бензинскиот мотор со најголема сила од 187 КЅ која се пренесува на предните тркала со електронски управуваниот безстепенски менувач (Electronically Controlled Continuously Variable Transmission).
Високо делотворниот мотор со Atkinson-cycle ги постигнува своите перформанси во соработка со Variable Valve Timing (VVT-i) систем.

Ваквата конструкција дозволува подолго траење на експанзивниот (работниот) такт во однос на тактот на компресија, па така енергијата на изгорување значително поефикасно се користи за претворање во сила на моторот.

Почетокот на продажба на Lexus HS 250h како модел се очекува во 2010 година а за пазарот во САД за летото 2009.

Моторот кој го придвижува Lexus HS 250h е дури 30% поефикасен во користење на горивото од другите бензински мотори во понудата на Lexus.

Верзијата Lexus HS 250h е дизајнирана за користење на нискооктански бензин од 87 октани, каков што се продава на бензинските пумпи во САД. Кај изработката на мотори посевно внимание им е посветено на што подоброто ладење на клиповите со масло и посебна конструкција на пумпата за подмачкување, а со исклучително голема прецизност изведен е и баланс на брегастото вратило, а како нуспојава на тие зафати постигнато е значително потивка работа на моторот и помали вибрации.

Моторот кој го приджиува Lexus HS 250h е дури 30% поефикасен во користењето на горивото од другите бензински мотори во понудата на Lexus

Од многубројните техникалии кои ги има HS 250h да споменеме, дека со доплата може да се добие и Heads-up Display (HUD), систем кој ги прикажува податоците на ветробранското стакло како и кај војните авиони. Од сигурносните елементи да ги издвоиме дури 10-те вградени воздушни перничиња.

Lexus 250h се тркала на 17х7 бандажи на кои се гуми 215/55 R17, а може со доплата да се добијат и бандажи со димензии 18х7.5 со гуми 24/45 R18. Почетокот на продажбата на Lexus HS 250h како модел за 2010 на пазарот на САД ќе стигне на крајот на летото оваа година.

   

       

 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Хибриди



 
 
 
 






Одберете нов автомобил