Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Хибриди > i10 на струја
 
Spodeli
06 November 2009, 04:51


i10 на струја  i10 на струја
На овие први официјални фотографии ја имаме електричната верзија на моделот Хјунади и10 кој на струја да “тера“ 160 километри и веќе влегува во сериско производство....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Својата грижа за заштитата на животната средина Хјунади го докажа со претставувањето на електричната верзија на најмалиот модел од својата гама. и10 е задвижуван од електромотор со моќност од 49 kW/65 KS, кој црпи сила од литиум – полимерски батерии со капацитет од 16 kWh. Развојот на батериите Хјунади го реализира во соработка со познатата корејска марка “LG“. Иако би било логично да се претпостави дека овде се работи за концепт, сепак не е така. Имено, електричниот и10 веќе е подготвен за производство, а продажбата во Кореја почнува во другата половина на идната година.

и10 ветува досег од 160 km и максимална брзина од 130 km/h, што се сосем пристојни перформанси за возило со ваква концепција. Меѓутоа, кај електромобилите се јавува познатиот проблем кој е воедно нивен најсериозен недостаток – полнењето на батериите. Кореанците нудат едноставно, но засега недостапно решение за комерцијална употреба - преку посебни приклучоци од 415V и брз индустриски полнач, батеријата може да се наполни до 85% за само 15 минути. Сепак, нормалниот циклус преку 220 V куќни приклучоци, за полнење до крај трае цели 5 часа.

 
   

 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Хибриди



 
 
 
 






Одберете нов автомобил