Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ       ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Прашања и одговори > Фабрички декларираната потрошувачка е недостижна
 
Spodeli
18 June 2012, 15:11


Фабрички декларираната потрошувачка е недостижна  Фабрички декларираната потрошувачка е недостижна
Причината – производителот ја мери потрошувачката во идеални услови...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

А сите знаеме зошто е тоа така. Помала декларирана потрошувачка на гориво, како еден од главните фактори при купување на автомобил, придонесува за поголема побарувачка, а и продажба на возилото. А се разбира, со тоа производителот остварува поголем профит.

Но, не е тоа поентата. Имено, при мерењето на просечната потрошувачка на еден автомобил, многу се битни условите во кои е спроведено тестирањето.

Производителот, тоа го прави во идеални, “лабораториски” услови. Тоа се:
- Возилото претходно има поминато одреден број на километри. Истражувањата покажуваат дека потрошувачката на гориво на ново возило, се намалува за цели 8% по поминати 3.000 километри.
- Просторијата каде се спроведува тестирањето, треба да генерира реални, природни услови. Но, најчесто тоа не е случај. Тестовите се прават на идеална температура од 20 до 30 степени, каде возачот ги бира брзините на пренос во идеален момент. Прашање: колкава е разликата во потрошувачката, да речеме на 12 степени Целзиусови?
- Забрзувањата траат еднакво, без разлика дали се тестира Lamborghini Aventador, или Tata Nano. Од 0-100 km/h, на тестирањата, сите автомобили забрзуваат речиси исто, односно за 50-тина секунди.

Што се однесува на мерењето на потрошувачката на едно возило, во услови на градски сообраќај, или на отворен пат, повторно имаме значителни разлики. Имено, при тестирање во градски услови, инженерите користат загреан мотор, кој веќе има постигнато работна температура. Тука, значителни се неколку процеси: забрзување, кочење, (не)константна брзина, тргнување-запирање, намалување на брзината во лер и сл. Просечната брзина изнесува 19 km/h, додека максималната дозволена е 50 km/h. Растојание – 4 до 5 километри.

Мерењето на потрошувачката на возилото на “отворено”, се одвива низ следните услови:
- Максимална брзина од 120 km/h, што се постигнува и одржува само неколку секунди;
- Просечна брзина – 63 km/h, имајќи ги во предвид условите на патот;
- Растојание – само 7 километри;
- Времетраење – 20 минути;
- Доколку возачите го пречекорат ограничувањето на брзината, тестот се повторува;
- Забрзувањето, елаборирано погоре.



Со цел да се неутрализира ваквиот тренд на декларирање на просечната потрошувачка, американската компанија EPA претстави нов концепт на мерење и тестирање, кој резултира со значително пореални услови на тестирање, во однос на претходно набројаните. Имено:
- Максимална брзина од 130 km/h;
- Просечна брзина – 77 km/h, имајќи ги во предвид условите на патот;
- Растојание – 13 километри, проследена со 4 запирања;
- Температура на воздухот – 35 степени.

Од овие причини, декларираната потрошувачка на гориво се разликува од реалната, за 25% - 50%. Во ваков случај, Вие како возач и сопственик на возилото, неможете да направите ништо, освен да ги следите советите за поекономично возење. Еве неколку од нив:
- Кога ставате гориво, обидете се тоа да го правите наутро. Тогаш горивото е малку погусто и добивате повеќе за вашите пари;
- Тргнувајте веднаш по стартувањето на возилото, со цел моторот што побрзо да ја постигне работната температура;
- Проверувајте го редовно притисокот во гумите. Нерамномерниот притисок во гумите го тера моторот понапорно да работи, а со тоа и да троши повеќе гориво;
- Возете на помали вртежи – од 2.000 до 3.000 вртежи во минута;
- Уреди кои црпат електрична енергија од автомобилот. Исклучете ги, кога не се потребни;
- Клима уред – работете го само по потреба, не го заборавајте.
- Исфрлете ја непотребната тежина од колата;
- Редовно сервисирајте го вашето возило. Масло, филтри...

...Или симулирајте лабораториски услови при возењето.
 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Прашања и одговори



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил