Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Франкфурт 2009: Старо – ново FIAT Punto
 
Spodeli
05 November 2009, 19:43


Франкфурт 2009: Старо – ново FIAT Punto Fiat Grande Punto Франкфурт 2009: Старо – ново FIAT Punto
Punto Evo е претставен како нов модел во понудата на италијанскиот концерн, иако всушност се работи за ревидирано Grande Puntо на кое сега му е подарено повеќе стил и модерни, ефикасни Multiair - мотори....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

На својот штанд во Франкфурт, италијанскиот производител го изложи Punto Evo - редизајн на популарниот компактен модел, кој ги опфаќа браниците, светлосните уреди, а внатрешноста е сосема нова и ја краси многу поубав стил. Палетата на “бензинци“ е надополнета со моторите кои ја користат најсовремената и многу фалена Multiair – технологија на Fiat, која дава 10% поголема моќност, 15% поголем вртежен момент и подобра економичност во однос останатите “браќа“ од палетата. Сепак, од Fiat најавија дека наскоро истата технологија ќе биде вградена во сите мотори и модели во гамата.

Што се однесува до “дизелашите“, кај Punto Evo го имаме 1.3 – литарскиот Multijet опремен со нов заеднички вод (common-rail), а наскоро ќе се појават и сериски изведби на мотори кои како погонско гориво користат течен нафтен гас или природен гас. За заштедата на горивото ќе биде задолжен start&stop – системот, кој ќе се вградува како стандардна опрема кај сите мотори кои ќе ги исполнуваат строгите Euro5 норми.

Во стандардната опрема на Puntо Evo има седум воздушни перничиња, вклучувајќи го и она за колената на возачот. Во опција има и hill-holder систем, за полесно движење низ нагорнини, како и интелигентни прилагодливи светла кои се приспособуваат на радиусот на свиокот кога возилото се наоѓа во него.

 
   

 


Fiat Grande Punto
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил