Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Инфо > Mercedes-Benz најдобар бренд, според JD Power
 
Spodeli
05 June 2012, 11:39


Mercedes-Benz најдобар бренд, според JD Power Mercedes-Benz E-Class - old Mercedes-Benz најдобар бренд, според JD Power
JD Power е компанија за истражување на пазарите, а моделите на Mercedes-Benz покажале најдобри резултати на анктетата...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Четири први места освоени од страна на Mercedes-Benz, како резултат на последната анкета, чија цел беше да се дознае кој автомобилски бренд нуди најголемо задоволство на возачите. Анкетата беше извршена од страна на светски реномираната компанија за истражување на пазарите, JD Power. Возилата кои ја освоија оваа награда се моделите на Mercedes, A-Class, C-Class и E-Class.

Освен овие награди, Mercedes-Benz исто така освои прво место за најсилен бренд според студијата на ADAC - AutoMarxX.



Сопственикот на автомобилот е оној кој треба најмногу да знае за сите предности и слабости на автомобилот. Ова сознание е она што претставува основа за истражување на студијата на компанијата JD Power.

Околу 14 000 испитаници од Германија, земја која се смета за пазар на автомобили каде има висока конкуренција меѓу производителите, но и каде се наоѓаат најпребирливите купувачи, одговорија на анкетата. Со ова истражување се оценуваше квалитетот и сигурноста на своите автомобили кои се управувани во изминатите две години.

Исто така возачите го оценуваа одржувањето заедно со трошоците.

Врз основа на добиените одговори, изготвена е листа на автомобили кои го нудат најголемото задоволство меѓу возачите и содржи 79 модели од 25 производители на автомобили, поделени во осум категории.

Во половината, односно во четири категории, Mercedes-Benz освои четири први места и тоа:
1.    За севкупно најдобар автомобилски бренд
2.    A-Class за надобар модел во сегментот на компактни возила
3.    C-Class, во средната премиум класа
4.    E-Class, која забележи огромна предност во однос на конкуренцијата при оценување на задоволство на возачите



„Ние сме среќни што сме во можност повторно да освоиме врвно место во студијата на JD Power. Нашата цел во иднина е да продолжиме да поставуваме највисоки стандарди, не само во однос на квалитет, одржување и екологија, туку се разбира и во однос на дизајн, иновативна технологија и постигнување високо ниво на задоволство при возење. Како резултат на сето тоа, се надеваме дека Mercedes-Benz ќе продолжи да ги освојува нашите купувачи“, изјави член на бордот на Mercedes-Benz, за продажба и маркетинг, д-р Јоаким Шмит.
 


Mercedes-Benz E-Class - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Инфо



 
 
 
 






Одберете нов автомобил