Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Volvo V40 со Sensus Infotainment систем
 
Spodeli
03 April 2012, 11:03


Volvo V40 со Sensus Infotainment систем Volvo V40 Volvo V40 со Sensus Infotainment систем
Volvo Sensus е следната фаза во еволуцијата на системот за забава и поврзување во автомобилот...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Infotainment системите се неодминлив дел во секој модерен и урбан автомобил. Новиот V40 на Volvo не е исклучок. Volvo Sensus е систем кој наскоро, со сигурност ќе го видиме во секој автмобил на денешницата. Volvo Sensus е мешавина од компоненти за забава во возењето, и алатки за поврзување на возачот со неговото возило, дури и кога истото е паркирано.

Можноста за комплетна персонализација на инстрмент-табата е само почетокот. Кај активниот TFT екран ќе може да се одбере помеѓу три теми – Elegance, која одразува класична, мирна атмосфера во кокпитот. Eco, со зелена позадина, која отсликува еколошка атмосфера и Performace, која е тотална спротивност на претходните две – со црвена позадина, истакнува спортско расположение, со индикатори кои се важни за возачите со спортски дух, а тоа се брзината на движење, моменталното искористување на капацитетот на моторот и сл.



Контролата преку управувачот ја истакнува безбедностната филозофија на Volvo – возачот може да ги користи поволностите на Sensus системот, истовремено со целото негово внимание посветено на патот. Дисплејот од пет или седум инчи (во зависност дали купувачот има изберено “My car” пакет) е поставен високо на контролната табла, така што е лесно видлив за возачот.

“My car” опциониот пакет, нуди повеќе прилагодувања на системот, како контрола на City Safety, Collision Warning, Pedestrian Detection, Driver Alert System, Active Cruise Control, осветлувањето, ретровизорите, клима уредот, централното заклучување и аудио системот. Доколку се нарача мултимедијален аудио систем, купувачот добива навигација, телефон, камери за возење наназад, DVD Плеер, дигитална телевизија и сл.



Bluetooth поврзувањето за hands-free телефонија е веќе позната работа. Volvo Sensus нуди поврзување преку Bluetooth со портабл музучки плеери, за репродукција на музички датотеки.

Електронската контрола на климата, преку одржување на постојаноста на температурата во кабината, како и автомоатското греење на стаклата на температури под 9 степени, е наредниот новитет од Volvo.



Врвно аудио искуство ќе понуди новиот Vovlo V40. Најанапредната аудио единица има дигитален 5x130W засилувач D класа, Dolby Digital во комбинација со Dolby Pro Logic II Surround и најновата MultEQ технологија на компанијата Audyssey Laboratories која ја намалува дисторзијата, со 10 звучници.



Мобилната апликација нуди палета на можности. Имено:
-    Локатор на автомобилот, кој ја покажува местоположбата на автомобилот, во комбинација со дигитален компас, кој го води возачот до неговиот автомобил.
-    Далечинско заклучување, со индикатор за статусот на сите врати и прозорци.
-    Далечинско управување на греењето во автомобилот, доколку е вградено како опција.
-    Дигитална инструмент-табла, која дава повеќе информации како ниво на гориво, преостанати километри со тоа гориво, просечна потрошувачка, просечна брзина и друго.
-    Електронска проверка на автомобилот, која ги контролира нивоата на течностите во автомобилот, состојбата на сијалиците и сл.
-    Дневник за возење, кое дава податоци акумулирани во последните 40 дена.
-    Информации за возилото, како што се регистарски број, модел и сл.
-    Предупредување за кражба, која доколку се случи, сопственикот е информиран веднаш, преку својот мобилен телефон.


Volvo V40
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил