Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Франкфурт 2009 – Citroen Revolte, алијас “Спачек”
 
Spodeli
05 November 2009, 05:25


Франкфурт 2009 – Citroen Revolte, алијас “Спачек”  Франкфурт 2009 – Citroen Revolte, алијас “Спачек”
На првиот поголем саем по прославувањето на 60-годишнината од своето постоење, популарниот Citroen 2CV, или кај нас попознат како Спачек, го добива својот наследник. Revolte, најверојатно ќе влезе и во сериско производство, а ќе биде замена за C3 Pluriel....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Шик концептот на Citroen брои само 3,68 метри во должина, што го сместува во ниската класа. Сепак, поради различниот дизајн, богатата опрема и супер квалитетната внатрешност, Revolte ќе биде премиум модел, исто како и DS3. Ќе биде наменет пред се за младата популација, но и за оние носталгичните за оригиналниот 2CV.

За да потсетува на својот претходник, Revolte има платнен покрив, кој лесно ќе се отвора, притоа овозможувајќи широк поглед на небото. Надворешниот дизајн, со заоблени линии и големи крила, пак, неодоливо враќа во минатото, кога Спачек беше главен по градските улици. Внатрешноста од друга страна е крајно футуристичка, но сепак се работи за концепт.

Концептниот Revolte, се движи со помош на хибриден погон, во кој електричниот мотор ја има главната улога, додека обичниот мотор најчесто ќе се користи за полнење на батериите. Revolte ќе може да се движи и само со помош на струја, се додека не се истрошат батериите, притоа не загадувајќи ја околината.

   

 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил