Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Концепт > Нов, подинамичен Ford Tourneo Custom
 
Spodeli
21 March 2012, 14:55


Нов, подинамичен Ford Tourneo Custom  Нов, подинамичен Ford Tourneo Custom
Достапен во конфигурација со седум, односно девет седишта...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Ford најави дека продажбата на нивниот нов автомобил за превоз на патници со име Tourneo Custom на европскиот пазар ќе се појави кон крајот на годината.



Концептот Ford Tourneo Custom претставен во Женева, ги освои симпатиите на посетителите на саемот. Истиот претставува увертира на комплетното освежување на сите Ford-ови модели, до 2014-та година. Производствената верзија на овој транспортер ќе се појави на саемот во Бирмингем, оваа година.



Како што веќе констатиравме, Tourneo Custom ќе биде достапен со седум или девет седишта. Со тоа, меѓуоскиното растојание, зависно од изборот, ќе изнесува 4970 mm или 5340 mm, што и во двата случаи пружа удобност за патниците, како и доста простор за багаж.



Ford Tourneo Custom е придвижуван од унапредена верзија на добро познатиот 2.2-литарски TDCi мотор со сила од 100, 125 или 155 КС. Како дел од сериската опрема се сметаат шест-степениот менувач и Start/Stop системот, кои допринесуваат за завидно ниска потрошувачка од 6.9 литри на сто километри, како и емисија на CO2 од 186 g/km.



Базиран на Ford-овата глобална платформа, овој Ford е дизајниран да биде лесно управлив, удобен и тивок автомобил. Истиот ќе биде извонредно функционален, издржлив и релативно лесен и ефтин за одржување, со сервисен интервал на две години или 50.000 километри.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Концепт



 
 
 
 






Одберете нов автомобил