Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Компактниот моноволумен од Романија – Dacia Lodgy
 
Spodeli
15 March 2012, 15:15


Компактниот моноволумен од Романија – Dacia Lodgy Dacia Lodgy Компактниот моноволумен од Романија – Dacia Lodgy
Алтернативата на Renault Scenic со пониска цена, во Женева...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Кратко по официјалната презентација на саемот во Женева, од Dacia ни пристигнуваат нови информации поврзани со нивниот нов модел – Lodgy. Возилото ќе биде достапно со два бензински и два тудбо-дизел агрегати, со зафатнина од 1.5 литри (DCi).



Основната верзија ќе биде придвижувана од 1.6-литарски бензински атмосферец, со јачина од 60.5 kW и максимален вртежен момент од 134 Nm. Подебрени карактеристики има турбо-бензинскиот мотор 1.2 ТСе, кој развива 85 kW и 190 Nm. Двете погонски едници се споени со пет-степен мануелен менувач. За оние кои преферираат дизел мотори, тука се двете верзии на 1.5 DCi моторите – послабата со 66 kW, 200 Nm и мануелен пет-степен менувач, и помоќната со сила од 79 kW и 240 Nm комбиниран со шест-степен мануелен менувач.



Со гореспоменатите мотори, може да се добие верзија на Dacia Lodgy со капацитет од пет патници, и верзија со капацитет од седум патници. Димензиите на Lodgy се 4.498mm/1.751mm/1.680mm. Меѓуоскиното растојание е измерено со 2.810 mm. Во конфигурација со седум седишта, капацитетот на багажниот простор изнесува 207 литри, додека кај изведбата со пет седишта – 827 литри. Со преклопување на задните седишта, капацитетот на Lodgy изнесува завидни 2.617 литри.



Системот за сопирање е составен од диск-сопирачки напред, и барабани назад. Исто како и останатите модели на романскиот производител, Lodgy става акцент на ниската цена.


Dacia Lodgy
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил