Автомобилскиот бренд Volvo е познат по врвната безбедност и по напредните технологии од оваа област. И новиот V40 не е исклучок. За појасна слика како функционира оваа иновација, во продолжение ви предлагаме и видео презентација.
.jpg)
Воздушното перниче за пешаците се активира во ситуација кога сензорите во предниот дел на браникот ќе детектираат контакт помеѓу автомобилот и пешакот. Во една таква ситуација, се подигнува задниот дел од хаубата, каде што е поставено воздушното перниче. Како што може да се види понатаму, од видео-преентацијата, боздушното перниче има облик “U”, кој ја покрива областа под хаубата и една третина од вертобранското стакло и “А” столбот.
.jpg)
Споменатиот систем, применет во Volvo V40, сега спаѓа во пасивните системи на безбедност. Шансата да дојде до контакт помеѓу возилото и пешакот, сега е значително намалена со системот Pedestrian Detection со функција Full Auto Brake. Овој систем функционира на начин што користи специјален радар сместен во предната маска, и камера поставена во внатрешниот ретровизор. Радарот детектира дали има објект пред автомобилот и на колкава оддалеченост е истиот, а камерата распознава за каков објект се работи. Системот може да детектира пешак, повисок од 80 cm.
.jpg)
Во случај на несреќа, ситстемот најпрво го предупредува возачот со звучен сигнал и трепкачко светло на дисплејот. Доколку возачот не реагира, автомобилот кочи самостојно. Од Volvo тврдат дека V40 може да избегне несреќа при брзини до 35 km/h. При поголеми брзини, главната цел е да се забави автомобилот што е можно повеќе пред неизбежниот судир, со што значајно се зголемени шансите за преживување на пешакот и намалувањето на повредите.
.jpg)
Воздушното перниче за пешаци и другите безбедносни системи во V40 се дел од визијата на Volvo за 2020-та година, кога е во прашање безбедноста. Во текот на оваа деценија, до 2020-та година, Volvo има намера да го усоврши овој систем, на начин што при сообраќајна несреќа, никој да не биде повреден.
|