Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Hyundai со редизајниран i20 во Женева
 
Spodeli
07 March 2012, 14:49


Hyundai со редизајниран i20 во Женева Hyundai i20 - old Hyundai со редизајниран i20 во Женева
Новите линии “Fluid Sculpture” имаат задача да го зголемат успехот на i20...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Компанијата Hyundai му го “изми лицето” на својот успешен модел i20. Малиот хечбек на Hyundai е на пазарот од 2009-та година, но во меѓувреме во јужно-корејската компанија многу работи се променија, па во Женева тие настапија со модернизирана верзија на i20.



Фејслифтот на i20 ги презема сите карактеристични дизајнерски линии на постојните модели во гамата на Hyundai. Тука се вбројуваат нова шест-аголна маска, нови светла и нов преден браник. Благи промени претрпе хаубата, штоповите и задниот браник, а редизајнирани се и алуминиумските фелни. Во поглед на димензиите, ширината на автомобилот остана иста (1.710 mm), висината изнесува 1.490 mm и меѓуоскиното растојание е 2525 mm. Должината на возилото, во споредба со претходникот, е поголема за 55 mm, или вкупно 3995 mm.



Во понудата на мотори, вклучен е нов дизел агрегат со три цилиндри U-II, со зафатнина од 1.1 литри, кој развива максимална сила од 55 kW (75 КС). Од Hyundai посебно го истакнуваат намаленото штетно влијание на овој мотор врз животната средина. Во рамките на BlueDrive програмата, овој мотор бележи емисија на СО2 од само 84 g/km. Другата дизелска варијанта, со СО2 емисии под 100 g/km, е новиот 1.4 CRDi, од 66 kW или 90 КС. Во понудата има и два бензински агрегати, и тоа 1.2 (57 kW) и 1.4 (73 kW)


Hyundai i20 - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил