Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Ford ја освои наградата за најдобра мобилна иновација
 
Spodeli
02 March 2012, 18:32


Ford ја освои наградата за најдобра мобилна иновација  Ford ја освои наградата за најдобра мобилна иновација
Технолошно достигнување вредно за почит...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новата технологија од Ford, која на патниците им овозможува упатување на директен повик на итните служби во случај на сообраќајна несреќа, ја освои наградата Global Mobile Award за 2012-та година. Се работи за технологија претставена за прв пат во новиот B-MAX.

Функцијата за помош на Ford, во случај на сообраќајна несреќа, упатува повик до операторите на локалните итни служби, и тоа на јзаикот на локалната средина, според GPS координатите на возилото. Во моментов, тоа е најнапредниот систем од овој тип и претставува клучна компонента на Ford SYNC системот за остварување конекција по пат на гласовни команди во автомобилот, кој својата премиера ќе ја доживее на европскиот пазар, како што рековме, со новиот Ford B-MAX.

Ford ја освои оваа награда за глобална мобилност за 2012-та година во Барселона, во категоријата “Најдобра мобилна иновација за патнички, товарни и транспортни возила”. Овој успех претставува круна на историскиот и повеќедневен настап на Ford на Светскиот конгрес за мобилна технологија, затоа што B-MAX е првиот автомобил кој ја имаше својата премиера на оваа манифестација, додека Bill Ford, извршен претседател на Ford Motor компанијата, стана првиот раководител од областа на автомобилската индустрија кој одржа говор на оваа манифестација.

“На Ford, како компанија, и е многу драго што светски познати експерти во областа на комуникациската технологија ја препознаа можноста за спасување на живот која ја пружа SYNC системот за помош во итни случаеви” – рече Stephen Odell, претседател и извршен директор на Ford Europe. “Функцијата за помош во итни случаи во полна мера ги користи ресурсите на мобилната телекомуникациска технологија, со што им овозможува на купувачите на Ford извонредно вредна услуга, и тоа без никаков дополнителен надомест во текот на работниот век на возилото.”



Активирањето на воздушните перничиња или уредот за исклучување на пумпата за гориво на возилото е сигнал за упатување на тој повик кон службите за итна помош, со емитување на претходно снимена порака, преку Bluetooth технологијата со мобилните телефони на патниците во возилото.



Системот, исто така, преку GPS уредот во возилото, податоците од мапата и мобилната мрежа, ги идентификува координатите на локацијата до која дошло до сообраќајна несреќа и упатува директен повик до операторите на итните служби, наместо преку call-center-от и комуникација со трето лице, со што се заштедуваат драгоцени секунди кои можат да бидат од клучно значење за спасување на одреден живот.

При развотој на оваа технологија, Ford соработувал со Европското здружение за броеви на итни служби (EENA - European Emergency Number Association), од кои и ги доби влезните параметри битни за изработка на системот.



На купувачите оваа функција ќе им биде достапна бесплатно, но под услов да го поседуваат системот SYNC во своето возило.



Во САД, SYNC системот и функцијата за помош се веќе вградени во преку 4 милиони возила. На европскиот пазар, истите ќе дебитираат во моделот B-MAX.

Друга интересна можност на SYNC системот е гласовното читање на СМС пораки преку компатибилните телефони. Исто така поддржува цел низ на дигитални музички плеери.

Сериската изведба на Ford B-MAX ќе ја има својата автомобилска премиера на Саемот во Женева во март. 

 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил