Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Bentley Mulsanne - недостижен престиж
 
Spodeli
02 November 2009, 06:49


Bentley Mulsanne - недостижен престиж  Bentley Mulsanne - недостижен престиж
Премиерно на штандот во Франкфурт Bentley го престави моделот Mulsanne - grand-tourer кој претставува нов знаменосец на британската луксузна авто - индустрија....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Наследникот на моделот Arnage името го добива по познатиот правец на патеката во Ле Ман, каде престижната британска марка памти шест свои големи триумфи. Mulsanne е потполно нов автомобил и не дели ништо заедничко со останатите модели на Bentley, ниту пак со некој модел од VW – групата, бидејќи користи сосема нова платформа. Целта е модел кој покрај целиот престиж ќе има и врвни возни својства. Таа е очигледно остварена, бидејќи квалитетите со кои се истакнува Bentley, покрај познатата рачна изработка, тешко дека некој производител може да ги надмине.

Новиот Mulsanne го користи ревидираниот модел од Arnage, односно 6.75-литарскиот V8 twin-turbo со моќност од 512 KС и 1020 Nm, што обезбедува перформанси од кои може да засрамат многу спортски автомобили.

Што се однесува до самиот дизајн, пак, задржан е препознатливиот класичен изглед. Од секој агол се гледа дека е инспириран од традицијата и за Bentley вечниот императив да се направи луксузен, бескомпромисен автомобил кој по сите параметри ќе ги надмине своите директни конкуренти, што се чини дека на Британците повторно им успеа.

 
   

       

 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил