Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
 
Насловна > Новости > Мотори > Ford Focus доби 1.0-литарски turbo мотор
 
Spodeli
01 February 2012, 13:43


Ford Focus доби 1.0-литарски turbo мотор  Ford Focus доби 1.0-литарски turbo мотор
Со цел да ја намали потрошувачката и емисијата на штетни гасови, Ford го претстави новиот 1.0-литарски EcoBoost бензински мотор за европскиот пазар...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Споменатиот мотор со турбо-полнач ќе го замени 1.6-литарскиот агрегат, а доаѓа во две верзии.
 
Првата има 99 КС и просечна потрошувачка од 4.8 litara/100 km со емсисија на CO2 од 109 g/km, додека другата има 123 КС и вртежен момент од 170 Nm што придонесува за потрошувачка од 5.0 l/100 km со емисија на CO2 114 g/km.
 
 
„Ова е трет додаток во нашето семејество на EcoBoost мотори. Покрај 1.6-литарскиот и 2.0-литарскиот EcoBoost, нобиот 1.0-литарски EcoBoost претставува сигнал за почеток на нова ера на штедливи мотори со мала зафатнина, за сегмент на возила со сила под 130 КС“, изјави Фреј Хор, извшниот директор на европското одделение на Ford задолжено за мотори.
 
1.0-литарскиот EcoBoost е развиен во Велика Британија, односно во „Dunton and Dagenham“.
 
Продажбата во Европа започнува наредниот месец, со почетна цена од 13,995 фунти (околу 16,700 евра) во Британија. Моторот е околу 300 евра поскап од 1.6-литарскиот мотор со 125 KS, а би требало да се најде под хаубата на моделите MAX, Grand C-MAX компактниот минивен и новиот B-MAX мал минивен.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Мотори



 
 
 
 






Одберете нов автомобил