Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > ŠKODA прославува 14 милиони произведени автомобили
 
Spodeli
01 February 2012, 12:41


ŠKODA прославува 14 милиони произведени автомобили Škoda Superb - old ŠKODA прославува 14 милиони произведени автомобили
Со јубилејниот модел Superb 2.0 TDI „Laurin & Klement“, ŠKODA го прослави 14 милионити произведен автомобил ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Возилото има "магнет металик“ кафеава боја и ќе биде испорачано на германски клиент. Јубилејот е уште еден доказ за одржливиот раст на производителот на автомобили.
 
 До 2018 година, ŠKODA сака да ја зголеми својата продажба во светот за најмалку 1,5 милиони возила годишно. Со вкупно 879.200 автомобили во 2011 година, компанијата продаде повеќе автомобили од било која друга година во својата 117 годишна историја.
 
„Овој јубилеј е одраз на нашата стратегија за развој“, изјави  претседателот на управниот одбор на ŠKODA, д-р Винфрид Вахланд. „Ние се шириме со голема брзина. Скоро две третини од 14 милиони автомобили беа произведени и продадени во изминатите 20 години, а четири милиони од нив се произведени во последните 5 години. Сегашната пресвртница го прикажува динамичниот развој на брендот и во исто време укажува на големо значење од здружувањето со групацијата Volkswagen во 1991 година. My благодарам на целиот тим на ŠKODA, кој го овозможи овој развој и со право може да биде горд на своите достигнувања“, нагласи Вахланд.
 
Во исто време, ŠKODA ја продолжува интернационализација на брендот, а особено  се фокусира на брзо растечките пазари Кина, Русија и Индија. На крајот на 2012 година, компактниот SUV Yeti ќе се произведува во Кина, во соработка со Volkswagen Шангај. Покрај тоа, на почетокот на 2013 година бренд ќе започне со производство на нов компактен седан во Кина. Во Русија, втората по големина фабрика по онаа во Калуга е во функција од 2011 година и прави Yeti што се продава во рускиот пазар. Овој заеднички проект со Volkswagen и Руската GAZ група се наоѓа во Новгород. Во Индија, капацитетите исто така се зголемуваат, така што новиот компактен седан Rapid се прави во Пуна од 2011 година.
 

Škoda Superb - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил