Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1        WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Македонија > Израелски капитал во Ми-Да Моторс
 
Spodeli
25 January 2012, 14:55


Израелски капитал во Ми-Да Моторс  Израелски капитал во Ми-Да Моторс
Веќе познатиот импортер на Ford за Македонија, Ми-Да Моторс, од 01 јануари 2012 го збогати своето име со ГРАНД - првото име на стратешкиот партнер GRAND Automotive од Израел...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

GRAND Automotive е компанија со огромно искуство во автомобилската индустрија, присутна и во државите од Балканот. GRAND Automotive  е дел од Taavura холдингот кој е дел од една од најголемите бизнис групации во Израел, IDB со актива од над 35 милијарди долари. МИДА Гранд Моторс наскоро на Македонскиот пазар носи нови брендови со кои ќе се збогати понудата и портфолиото на компанијата.
 
Веќе познатиот импортер на ФОРД за Македонија, Ми-Да Моторс, од 01 јануари 2012 го збогати своето име со ГРАНД првото име на стратешкиот партнер GRAND Automotive од Израел. GRAND Automotive е компанија со огромно искуство во автомобилската индустрија, присутна и во државите од Балканот. Ми-Да Гранд Моторс е мешовито претпријатие основано од GRAND Automotive и г-дин Марјан Миновски. Grand Automotive го имаат управувачкиот пакет во новата компанија, а г-динот Миновски покрај соосновач, е и претседател во новата фирма и член на Управниот Одбор на Ми-Да Гранд Моторс. 
 
 
По повеќе од 20 години успешно постоење и работење на Македонскиот пазар, дојде време за вклучување на партнер во работењето на компанијата, со цел да се унапреди бизнисот, но и да се даде дополнителен импулс во проширување, вмрежување со компании од околината, како поради пренесување на искуство, воведување на унифицирани услуги но и зголемување и збогатување на пакетот на производи и услуги. По период на преговори и усогласување на визијата, плановите и проекциите за периодот кој следува беше постигнат договор со GRAND Automotive од Израел. Компанијата GRAND Automotive е компанија со огромно искуство во автомобилскиот бизнис, уште повеќе со огромно искуство во овој бизнис на Балканот. GRAND Automotive е присутен подолг период на пазарот во Србија, Хрватска, Албанија и Косово. На овој начин преку здружувањето на фирмите на еден поголем регион, посебно во автомобилската индустрија, сите овие т.н. помали пазари добиваат статус на голем пазар и потенцијал за продажба на нови автомобили. Со тоа нормално доаѓаат и одредени бенефиции во смисла на цена на производите и услугите.
 
Во годините што следат Ми-Да Гранд Моторс ќе се развива не само во насока на проширување на својата продажна и сервисна мрежа, туку и со воведување на нови брендови на Македонскиот пазар кои што веќе се присутни во сестринските компании во соседството. Според  Генералниот директор на Ми-Да Гранд Моторс  г-нот Дарко Димовски она што посебно воодушевува е што сите иновациски достигнувања на ФОРД, новите модели, сега многу побрзо, поедноставно и што е најважно по подобри цени и со поголеми бенефиции ќе може Ми-Да Гранд Моторс да ги понуди во Македонија. Со ова стратешко поврзување дефинитивно се очекува да се зголеми продажбата и да се подобри пазарниот удел на компанијата во сите сегменти. Она што и до сега било приоритет на компанијата, а тоа е задоволни купувачи, особено во пост продажните услуги кои се нудат, со примена и имплементирање  на искуствата на Grand Automоtive дефинитивно ќе бидат задоволени сите вкусови и потреби на потенцијалниот македонски купувач.
 
 
GRAND Automotive е дел од Taavura холдингот, чии сопственици се дел од сопственоста и на една од најголемите бизнис групации во Израел, IDB. IDB е светски призната и позната групација која има импозантно портфолио на компании и joint ventures низ светот во речиси сите клучни индустрии. Активата на IDB изнесува околу 35 милијарди долари. Од страна на водечките меѓународни институции IDB е рангирана како водечка бизнис група која има совршена диверзификација на бизниси. Голем дел од компаниите кои се во сопственост на IDB котираат на најпознатите берзи како берзата во Тел Авив (ТАSE), како и на американските и европските берзи (NASDAQ, NYSE, AMEX, SWXи AIM).




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил