Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
 
Spodeli
23 January 2012, 13:06


Volkswagen Crafter 4MOTION Volkswagen Crafter Volkswagen Crafter 4MOTION
Неодмана, тројца авантуристи решија да ја земат работата во свои раце и да го тестираат германскиот теренец Crafter 4MOTION до крајните граници...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Додека учесниците во релито Дакар успејаа да ја завршат првата половина од релито, за време на одморот во Чиле, тројцата сурфери: Клас Вогет (31), Бјорн Данкербек (41), и Роби Свифт (27) направија уникатен подвиг. Се состанаа во Чиле за да го тестираат новото возило во име на Volkswagen Комерцијални возила: Crafter 4MOTION со пренос на 4 тркала од Achleitner. Спортистите го возеа теренското возило во пустината и сурфаа по песочните дини.
 
Сурферите го избра Чепо Меданосо (Серо Medanoso), областа каде што се наоѓаат највисоките песочни  дини во Чиле. Местото се наоѓа на надморска височина од 1.600 метри. Меданосо е на околу 80 километри северо - источно од Копиапо (Copiapo).
 
По трет пат Volkswagen Комерцијални возила се официјални возила за поддршка на релито Дакар. Оваа година има 30 возила Амарок, 8 Multivan PanAmericana и Crafter 4MOTION со погон на четири тркала од Achleitner сите се на располагање на организациониот тим.
 
До 15 јануари, учесниците на релито Дакар ќе поминат околу 9.000 километри преку Аргентина, Чиле и Перу. Оваа година стартот беше во аргентинскиот град Мар дел Плата, а целта во Лима. Во изминатите три години во Буенос Аирес беше и стартот и целта на релито, кое се смета за едно од најтешките во светот.
 
Амарок, Multivan и Crafter 4MOTION со погон на четири тркала од Achleitner повторно беа на тест и во тешки услови навистина се покажаа издржливи, затоа и се возила на организациониот тим, возилата мора да бидат способни да се исправат пред сите предизвици од Атлантикот до Пацификот, преку пустината Атакама, Андите и низ различни климатски зони.
 
 
 

Volkswagen Crafter
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Занимливости



 
 
 
 






Одберете нов автомобил