Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
 
Насловна > Новости > Електрични автомобили > Првиот електричен автомобил од Кореја се вика Kia Ray
 
Spodeli
26 December 2011, 13:28


Првиот електричен автомобил од Кореја се вика Kia Ray  Првиот електричен автомобил од Кореја се вика Kia Ray
Kia Ray е интересен електричен автомобил кој, за жал, барем засега е наманет исклучиво за домашниот, корејски пазар...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Во однос на дизајнот, Корејците одлучиле да играат на сигурно, па така на изглед Ray EV се базира на класичната верзија на автомобилот – тој со мотор со внатрешно согорување.
 
Сепак, одредени разлики. На пример, двата автомобили се разликуваат во поклопецот за ставање гориво/енергија (електричниот полнач), сместен на предната маска, каде кај оваа, електрична, верзија на автомобилот стои ознака EV.
 
Kia Ray EV има димензии 3593 x 1595 x 1700 mm, меѓуосовинско растојание од 2520 mm и маса од 1185 kg. Погонот го обезбедува електричниот морот од 68 KS и максимален обртен момент од 167 Nm. Енергијата е сместена во литиум-јонска-полимерна батерија со напон од 330 V и моќност од 16,4 kWh.
 
Kia има намера во текот на следните две години да произведе 2,500 примероци од моделот Ray EV кој ќе им се понуди на државните служби во склоп за истражување и развој на електричните возила.
 
Интересно е тоа што стандардното време за полнење изнесува 6 часа, а со забрзано полнење само 25 минути. Kia Ray EV до 100 km/h забрзува за 15,9 секунди, максималната брзина изнесува 130 km/h, додека досегот на батеријата е 139 km – несомнено, идеално за градски услови, особено на нашите улици.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Електрични автомобили



 
 
 
 






Одберете нов автомобил