Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Електричен, хибриден и спортски автомобил во едно - Volvo V60 diesel plug-in hybrid
 
Spodeli
15 December 2011, 13:10


Електричен, хибриден и спортски автомобил во едно - Volvo V60 diesel plug-in hybrid  Електричен, хибриден и спортски автомобил во едно  - Volvo V60 diesel plug-in hybrid
Првиот дизел plug-in хибрид на светот е технички најнапредниот модел на Volvo на сите времиња ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Внатрешноста на Volvo V60 Plug-in Hybrid ја красат црни навлаки со контрастни кроеви и дрвени површини. Останатите специјални детали се кожен управувач, специјално дизајнирани теписи и рачен менувач со индикатор.
 
Volvo V60 Plug-in Hybrid е првиот Volvo со целосно дигитализиран информативен монитор (DIM), каде стандардните покажувачи се заменети со LED екран кој прикажува бројни опции. Возачот може да бира кои информации саката да ги гледа на него. Исто така, возачите ќе имаат можност да комуницираат со автомобилот преку мобилната апликација. Таа овозможува пристап до бројни „паметни“ додатоци како што се активирање на клима уредот, ладењето и топлењето, потсетник за дополнување на гориво и слично.
 
Предните тркала на хибридот ќе ги придвижува 2,4-литарскиот D5 турбо дизел со 5 цилиндри, кои развива 215 КС и максимален вртежен момент од 440 Nm. Автомобилот е опремен само со 6-степен автоматски менувач. На задната осовина е сместен електричниот мотор со 70 КС кој добива сила од литиум-јонската батерија од 12 kWh, сместена во подот на багажниот простор.
 
Една од поинтересните работи е тоа што возилото му овозможува на возачот да бира помеѓу три начина на работа. „Чистиот“ начин се темели само на електричниот мотор колку што е можно повеќе, додека „Hybrid“ начинот ја дели разликата помеѓу електричниот и дизел погонот. Третиот начин, „Power“ ги „повикува“ 285-те КС на дизал моторот, а Volvo вели дека при овој начин на работа хибридот до 100 км/ч оди за 6,2 секунди.
 
Продажбата на најнапредниот модел на Volvo ќе започне на почетокот од 2012 година.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил