Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Совети за безбедност > Возачи, дали ги заменивте летните со зимски гуми?
 
Spodeli
05 December 2011, 13:57


Возачи, дали ги заменивте летните со зимски гуми?  Возачи, дали ги заменивте летните со зимски гуми?
Велат дека обувките на човекот, е тоа што и гумите за автомобилите – така што, време да ги промените „обувките“ на вашиот автомобил...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Возните својства на автомобилот многу зависат од квалитетот на гумите. Новите гуми треба да ги разработите првите 200 до 300 километри при средна брзина, по можност на сув асфалт за површината да се избразди и да се постигнат максимлани возни својства. Повеќето оштетувања на гумите се јавуваат поради неправилен притисок. Притисокот по правило треба да се проверува на секои две недели, а при тоа да не се заборави резервната гума.
 
Важна е длабочината на шарите, бидејќи без неа нема задоволство, но и безбедност при возењето
Тестовите покажаа, дека патот на кочење при кочење со гуми со законски прошишано минимално длабоки шари (во повеќето европски земји тоа изнесува 1,6мм) на мокар асфалт е дупло подолг во однос на новите гуми (длабочина на шарите од 8 мм). Оваа минимална длабочина на шарите се однесува и на резервната гума. Кај зимските гуми, законски пропишана најниска длабочина на шарите е 4 мм. Начелно сепак важи правилото дека што побрзо ги замените гумите (максималната шара за летните гуми е 3 мм), уживате толку поголема безбедност. Сите четири гуми треба да ги монтирате со еднаква изведба и длабочина на шарите по осовината.
 
Денес има и електронски мерачи на шарата во гумите.
Гумите, исто така, треба исто и да се чистат, особено при складирање. Не користете средства за чистење кои содржат раствори или масла. Тие средства ги оштетуваат гумите. Најдобро е да се користи чиста вода со малку сапун или средство за миење садови. Сладирањето на гумата е исклучително важно за продолжување на нивната долготрајност. Многу сервисери нудат бесплатно, или со мала доплата, складирање на гуми за летната или зимската сезона.
 
Таму соодветно се означуваат (правецот на движење и положбата на гумите), се проверува дали имаат оштетувања и прописно се чуваат во мрачна и сува просторија.
 
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Совети за безбедност



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил