Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА       ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Колумна > Безбедност? Не и кај нас!
 
Spodeli
11 November 2011, 15:32


Безбедност? Не и кај нас! Hyundai i20 - old Безбедност? Не и кај нас!
Сурфајќи по нашите сајтови на официјалните увозници, наидовме на еден интересен „факт“ за Hyundai i20 – дека кај него „Безбедноста на највисоко ниво“...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

За да биде појасно, мора директно да го преземеме текстот од сајтот на Hyundai, кој гласи вака: „Hyundai i20 претставува комплетно исполнување на сите критериуми поврзани со сигурноста на патниците. i20 е всушност, олицетворение на еден од најбезбедните модели на автомобили достапни на пазарот. Така, од пред некоја година, токму Hyundai i20 ја понесе титулата за најбезбеден автомобил воопшто“.

Всушност, и најголемиот лаик, по погледнувањето на ценовникот за овој автомобил, ќе види дека во основната опрема има само ЕДНО ВОЗДУШНО ПЕРНИЧЕ. Перниче за совозачот, односно странични перничиња се добиваат во повисоките нивоа на опрема, а ESP и воздушни завеси нема ни со доплата! Секако, од Hyundai дури и ќе ви се пофалат со резултатите на EuroNCAP, каде i20 доби 5 ѕвездички по новите, построги тестирања... Но, да ве просветлам, моделот кој EuroNCAP го тестирал, има 6 воздушни перничиња и ESP! Заклучок – резултатот од EuroNCAP за Hyundai i20 не важи за моделот кој се продава на нашиот пазар!



Си дозволивме да продолжиме со истражувањето и да погледнеме во ценовниците во Хрватска, Бугарија и Германија. Интересно, и Хрватска го добива стартниот модел со едно воздушно перниче и без ABS, но во Германија и Бугарија, основниот модел има 6 воздушни перничиња и ABS+ESP. Според тоа, резултатите од EuroNCAP важат само за возилата кои се продаваат во Европската Унија!!! Значи моделот кој ќе го купите, не ги задоволува безбедносните критериуми на Унијата!

Интересно, не се работи само за Hyundai. И многу други увозници во Македонија нудат послаба безбедносна опрема отколку во земјите од Унијата, но не успеав да најдам ниту еден друг модел од класата со едно воздушно перниче... Спротивно на тоа, од конкурентите, само Suzuki Swift нуди безбедносна опрема како моделите од ЕУ, односно 7 воздушни перничиња и ABS+TRC+ESP, што значи само кај овој модел важат добиените резултати на EuroNCAP (5 ѕвездички)!!!



Бидејќи многу е јасно кој е главниот критериум за избор на нов автомобил на македонскиот купувач (цената), со големи букви БИ ВИ ПРЕПОРАЧАЛЕ, освен што мислите на материјалното (парите во случајов), кога купувате автомобил помислете и на своите најблиски и на безбедноста која им ја овозможувате со вашиот нов автомобил. Помислете на совозачот кој сигурно е некој ваш близок пријател или роднина, кого го сакате, а за кого Hyundai не се погрижил да вгради воздушно перниче!

Искрено, лично ми се гади од помислата дека ако сум сиромашен, треба да сум и помалку безбеден! Сиромавиот двојно плаќа, ама да ја ризикува својата безбедност?! Нека нема радио, нека нема клима, но сакам мојот нов автомобил барем да ме направи да се чувствувам сигурен и безбеден! Претпоставувам дека идејата на корејскиот производител била да понуди поевтин автомобил, но кратење на опрема за безбедноста е срамен потег! Зарем почнавме да го вреднуваме човечкиот живот според тоа колку длабок џеб има? Но, не се тие виновни, им се може...

Кога не постои построг закон за задолжителна безбедносна опрема за новите возила во нашата земја, ќе продолжиме да бидеме третирани со различен аршин од „западњаците“, каде веќе, се воведува закон за задолжително ESP во секој нов автомобил. Не случајно.

Уште еднаш, препорака при избор на нов автомобил, кога веќе сте одлучиле да платите за нов автомобил, нека има колку што е можно повеќе безбедносна опрема. ABS имаат речиси сите нови автомобили сега, ама нека има барем ESP, и нека има колку што е можно повеќе воздушни перничиња...



Hyundai i20 - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео
Suzuki Swift
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Колумна



 
 
 
 






Одберете нов автомобил