Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > BMW го патентираше системот три-турбо
 
Spodeli
09 November 2011, 14:54


BMW го патентираше системот три-турбо  BMW го патентираше системот три-турбо
Од BMW велат дека овој со овој систем ќе придонесе за поголема сила и штедливост на моторот...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Ако им се верува на неофицијалните информации кои кружат деновиве, BMW го патентирал системот за хибриден турбо полнач кој за стартување користи електромотор/генератор.

Веќе со месеци се претпоставува дека Баварците работат на системот со кој турбо полначот и компресорот би биле надополнети со електричен систем кој во потполност би ги елиминирал недостатоците на првите два механизми. Имено, проблемот со турбо полначот лежи во неговата неискористенот до моментот кога притисокот на издувни гасови расте на ниво кое е доволно за да се завртат лопатките додека компресорот континуирано ја оптеретува перката на моторот со што предизвикува зголемена потрошувачка на гориво.
 
Иако двата система заедно функционираат одлично, тие не се способни во потполност да го отстранат создавањето на познатите турбо-дупки а сега се чини дека Баварците се на пат да пронајдат решение за овој проблем.
 
Системот три-турбо на BMW користи турбина и компресор на посебни осовини кои се раздвоени со помош на спојки, додека помеѓу нив постојано работи електромоторот/генераторот.  Со притискање на педалата за гас електромоторот испорачува енергија до компресорот до оној момент до притисокот на издувни гасови не достигне доволно високо ниво за да го заврти турбо полначот, по што двата система почуваат да работат паралелно со цел да постигнат максимална ефикасност.
 
 
Но, сигурно се прашувате каде е тука генераторот? Турбо полначот нема вентил кој служи во  случај на преоптеретување на турбината, туку во такви ситуации електромоторот е тој што закочува претворајќи ја механичката енергија во електрична. Насобраната енергија се складира во батеријата за понатамошна употреба.
 
Секако, сето ова се одвива при неверојатни ротациски брзини, температури и оптеретувања, па не се сомневаме дека електрониката на целиот систем ќе биде доведена до совршенство.
 
 
До кој степен оваа технологија ќе резултира со посилни и поштедливи мотори останува да видиме, а премиерно би требало да ја дочекаме со појавувањето на новата генарција на моделот M3. 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил