Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > BMW и Peugeot – Citroen заедно ќе развиваат електричен погон
 
Spodeli
01 November 2011, 13:07


BMW и Peugeot – Citroen заедно ќе развиваат електричен погон  BMW и Peugeot – Citroen заедно ќе развиваат електричен погон
Групациите BMW и PSA ги здружија силите и вложија 100 милиони евра во новиот технолошки центар за електрични и хибридни возила во Минхен...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Центарот за истражување и развој е веќе оперативен, а производството ќе почне во 2015 година. Инаку договорот за развивање и производство на електрични погони ќе се вика BMW Peugeot Citroen Electrification и ќе ги вклучи сите страни подеднакво, а е со цел побрз развој на погон за хибридни и електрични возила. Со заедничкиот развој и производство, BMW-PSA планира да стане најголем производител на електрични погони, а воедно и на возила во светот.

Досега, двете компании имаа неколку соработки, од кои најзначајна беше онаа од 2002 година, за развој и производство на четири цилиндричните мотори со зафатнина од 1,4 и 1,6 литри, со и без турбо полначи, кои се употребуваа во моделите на Peugeot, Citroen и Mini. И ова партнерство беше продолжено претходната година, па така ќе продолжи развојот на овие мотори, заедно со компоненти за хибриден погон.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил