Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Луксузен Италијанец со американски зачин – Lancia Thema
 
Spodeli
20 October 2011, 05:11


Луксузен Италијанец со американски зачин – Lancia Thema Lancia Thema - 2012 Луксузен Италијанец со американски зачин – Lancia Thema
Lancia го враќа името Thema во својата гама, кое ќе го носи новиот модел од средно-високата класа, базиран на Chrysler 300 C...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Со должина од над 5 метри, висина од 1,5 и ширина од 1,9 метри, новата Thema е едно навистина големо парче автомобил, јасно покажувајќи дека корените и се од преку Атлантикот. Сепак, Lancia се погрижи преку подобрувањето на материјалите во внатрешноста да им ја доближи на патниците топлината и ексклузивноста карактеристична за брендот.

Високата технологија ќе ја лансира новата Thema директно кон врвот на класата. Имено, системот Adaptive Speed Control ќе ја одржува брзината на автопат и самиот ќе прикочува доколку има пречки, а системот Blind Spot Control ќе го известува возачот доколку има возило во слепиот агол.



Понатаму, Lancia ќе понуди сончев покрив кој е најголем во сегментот, а внатрешноста ќе биде опремена со огромен 8,4 инчен екран на допир, кој исто така е најголем во класата, а преку кој ќе се контролираат сите поважни функции. Во понудата доаѓаат и специјалните аудио системи на Alpine и Harman Kardon, првиот со 506 W и 7 звучници плус сабвуфер, додека вториот со аудиофилски 900 W и 19 звучници плус сабвуфер!

Новите мотори се дизајнирани како би понудиле високи перформанси и многу ниска потрошувачка. Во понудата ќе влезат еден бензинец и два дизелски мотори:

-    3,6 литарскиот Pentastar V6 бензинец развива 286 КС при 6,350 врт/мин и 340 Nm при 4.650 врт/мин, доволни за забрзување до стотка за 7,7 секунди, максимална брзина од 240 km/h и потрошувачка од 9,4 литри на 100 km во просек. Моторот ќе се нуди со целосно новиот 8-степен автоматски менувач од ZF

-    3,0 литарскиот V6 турбо дизел со Multijet II Common Rail технологија ќе доаѓа во две изведби на силата – 190 КС при 4.000 врт/мин и 440 Nm од 1.600-2.800 кај послабата, односно 239 КС при 4.000 врт/мин и 550 Nm од 1.800-2.800 кај посилната. И двата мотори ќе трошат просечно 7,1 литар на 100 km дизел гориво и ќе се нудат со 5-степен автоматски менувач. Забрзувањето до стотка кај послабиот модел ќе биде за 9,7 секунди, додека кај посилниот за 7,8 секунди



И покрај тоа што од надвор на големо потсетува на Chrysler 300 C, внатре Thema е повеќе италијанска, особено преку употребата на пофини материјали и различниот дизајн на предната конзола, кои даваат друга димензија на луксузот. Веќе и не треба да се споменува, простор ќе има на претек и на предната и на задната клупа.

Високото ниво на луксуз ќе го подобрат и новите технологии, како системот за брзо одмаглување на стаклата и системот за помош за паркирање со камера во задниот дел... Италијанците ветуваат и исклучително високи нивоа на удобност и врвни возни својства, благодарение на новата шасија изработена од високо цврст челик, а внимателно изведената звучна изолација ќе треба да овозможи патниците да може да се разберат со шепотење дури и на повисоки брзини.

Lancia Thema би требала набрзо да пристигне и на пазарите во Европа, засега со непозната цена, иако по слободна проценка почетниот модел би можел да чини околу 40.000 евра, што треба да им зададе главоболки на германските конкуренти.


Lancia Thema - 2012
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил