Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ       ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Историјат > 36 години историја – BMW Серија 3
 
Spodeli
16 October 2011, 22:48


36 години историја – BMW Серија 3 BMW Серија 3 36 години историја – BMW Серија 3
Погледнете ги одблизу петте генерации кои го трасираа патот на моментално најуспешниот модел од средната премиум класа во светот – BMW Серија 3...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

BMW Серија 3 E21



Од 1975-1983. Вкупно продадени – 1.36 милиони автомобили

Целосно новата 3-ка на BMW дојде како замена за популарната 2002-ка, како поголем и полуксузен автомобил. Прва во светот понуди централна конзола свртена кон возачот, дизајн кој се протегна се до денешниот модел и кој стана препознатлив за брендот. Новиот модел, новинарите го опишаа како динамичен, но истовремено удобен и рафиниран... Вистинско освежување во дотогаш досадната класа.

BMW Серија 3 Е30



Од 1982-1994. Вкупно продадени – 2.32 милиони примероци

Веројатно најпопуларната 3-ка и онаа која го дигна BMW во височините. Многу вакви се уште вртат по нашите улици и се многу популарни кај оние кои сакаат спортско возење по ниска цена. Ова беше и тројката на која беше базиран првиот М модел во 1986-та година (245 КС), кој подоцна стана најпопуларниот спортски автомобил. Во 3-ката се заљубија и новинарите, кои тврдеа дека нема подобар автомобил за возење во класата, па дури и го споредуваа со некој исклучиво спортски автомобили.

BMW Серија 3 Е36



Од 1990 – 2000. Вкупно продадени – 2.67 милиони примероци

Со претставувањето на мултилинк задната оска, третата генерација на тројката дополнително истапи пред конкурентите кога е во прашање динамиката во возењето. Голем успех имаше и 1,8 литарскиот бензинец, кој понуди солидни перформанси и многу ниска потрошувачка. М моделот од оваа класа имаше 285 КС, кој помогна оваа генерација да стане дефинитивно  најпосакуваниот автомобил кај вљубениците во октаните.

BMW Серија 3 Е46



Од 1998 – 2006. Вкупно продадени – 3.27 милиони примероци

Иако заоблениот дизајн на почетокот не ги воодушеви поклониците на брендот, тоа не ја спречи четвртата генерација да стане најпродаван модел во сегментот, па и да остане најпродаваната 3-ка досега. Моделот М3 овој пат вклучуваше и F1 технологија и имаше сила од 335 КС, доволно за да заплаши и некој италијански егзотичен автомобил. Новинарите повторно ја фалеа динамичноста и управувањето, но оваа 3-ка имаше и многу поквалитетна кабина и поудобно возење, иако заостануваше во однос на конкурентите кога е во прашање просторот на задната клупа. Популарноста во однос на бензинците пак ја преземаа напредните Common Rail турбо дизели.

BMW Серија 3 Е90



Од 2006 – 2012. Вкупно продадени – 1.9 милиони примероци (до Август 2011)

Подолга и поширока, новата Серија 3 понуди многу повеќе простор во внатрешноста, на ниво на конкурентите во класата. Сепак, стајлингот не беше широко прифатен, за што говорат и малку послабите продажни резултати. Ова беше и првиот модел чија средна конзола не беше свртена кон возачот, но понуди динамика на возење досега невидена во еден седан автомобил. И покрај тоа, и оваа генерација осамна како најпродаван модел во класата, но иронично, и покрај тоа што беше најизбалансирана 3-ка дотогаш (врвна динамика и одлична удобност), не успеа да го надмине во продажбата претходникот. М моделот пак за прв пат доби V8 мотор со 420 КС, доволни за поклониците на брендот да останат задоволни.
 


BMW Серија 3
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Историјат



 
 
 
 






Одберете нов автомобил