Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА      НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Македонија > Elantra и Veloster претставени на нашиот пазар
 
Spodeli
15 October 2011, 13:46


Elantra и Veloster претставени на нашиот пазар Hyundai Elantra Elantra и Veloster претставени на нашиот пазар
Корејскиот производител ги претстави Elantra и Veloster на нашиот пазар, влегувајќи во два интересни сегменти...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Elantra е модел кој ќе им влезе во клинч на компактните седани, како Honda Civic, Toyota Corolla, Mazda 3 Sedan, Chevrolet Cruze, Ford Focus Sedan, VW Jetta, кои забележуваат голем успех на нашиот, но последниве неколку години и на европските пазари. Моделот се одликува со веќе традиционалниот флуиден дизајн на Hyundai, кој покрај елеганцијата, го прави и еден од најаеродинамичните автомобили во сегментот со коефициент на отпор од 0,28 Cd.

Високиот стил и елеганција се надополнети и со целосно нова технологија, како 1.6 литарскиот бензинец со 130 КС и новите 6-степени автоматски и мануелни менувачи, а големо внимание е посветено и на безбедноста, па моделот е опремен со сите контроли на стабилноста познати денес. Доказ за ова се и петте ѕвездички добиени по новите, псотроги тестирања на Euro NCAP.



Единствениот мотор кој ќе се нуди на нашиот пазар, има зафатнина од 1.6 и 130 КС, кои се доволни за забрзување до стотка за 10,7 секунди и максимална брзина од 200 km/h. Просечната потрошувачка пак изнесува задоволителни 6,1 литар на 100 km.

Цената на основниот модел ќе изнесува 13.990 евра, а опремата вклучува:кодиран клуч, серво волан со висинско подесување, возачко седиште подесиво по висина, делива задна клупа, кожен волан и кожена рачка за менувач, воздушни перници х 2, АВЅ + ЕЅР, рачки во боја на каросерија, централна брава, електрика на предни стакла, грејач на задно стакло, мануелно склопување на ретровизори, електрика и греење на ретровизори во боја, трепкачи вградени во ретровизори, светла за магла, подесиви фарови плус ескорт функција, патен компјутер, далечинско отклучување со аларм, тонирани стакла, радип CD + MP3 + USB приклучок, команди на волан за радио, мануелен клима уред...



Другиот модел кој беше претставен на промоцијата, веројатно многу поинтересен за вистинските вљубеници во автомобилите, е новиот Veloster, купе кое го одликува храбар дизајн со 1+2 врати. Малото купе влегува во сиромашната класа на мали и евтини купеа (наредниве неколку години ќе се изнагледаме вакви и од другите производители). Veloster ветува дека со самата појава, но и со возните својства и динамичноста, ќе внесе нова свежина во класата. Ќе се нуди со истиот 1,6 литарски бензинец од Elantra со 132 КС, доволни за забрзување за 10,7 секунди и максимална брзина од 195 km/h.


Hyundai Elantra
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил