Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Хибриди > Награден Peugeot 3008 Hybrid4
 
Spodeli
01 October 2011, 00:25


Награден Peugeot 3008 Hybrid4 Peugeot 3008 HYbrid4 Награден Peugeot 3008 Hybrid4
Првиот дизелски хибрид на светот Peugeot 3008 Hybrid4 е годинашниот добитник на наградата Öko Globe....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Кросоверот на Peugeot има 2 литрен HDI FAP мотор со 163 КС, комбиниран со електромотор од 37 КС и погон на сите четири тркала.

 
Комбинираната сила од 200 КС, потрошувачката од 3,8 литри/ 100 км, а притоа испуштените 99 г CO2 на изминат километар се добитната комбинација на Peugeot.
 


Потрошувачката на моторот е помала за 35% од стандардниот мотор со слична сила.
 
Наградата е добиена во категоријата број 6, за комерцијални автомобили со одржлива енергија, а е поделена со Ford Transit Connect BEV.
 
Öko Globe се организира од 2007 година од Институтот при Универзитетот Дуизбург-Есен од Германија во партнерство со DEVK осигурување и автомобилскиот клуб AVC, а се наградуваат возила, технологии и концепти кои придонесуваат за намалување на загадувањето на околината или на подобрени решенија за мобилност. Жирито се состои од економски и автомобилски експерти.
 
Првиот дизел хибрид на светот Peugeot 3008 Hybrid4 заслужено е првонаграден.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Хибриди



 
 
 
 






Одберете нов автомобил